Еве ја мојата поетика, вели Павлов: По долги опити, кога да му принесам храна во чинијата и трипати да му тропнам – го научив кучето: трипати да го затресе синџирот и да ми лае од радости.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
А еве ја мојата поетика, вели Шагал: Имав една крава која ја врзав со синџир за сонцето и таа си пасеше меѓу покривите и ѕвездите, покрај една древна словенска црква, обрасната во бујно зеленило.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)