мој (прид.) - природа (имн.)

Во мојата природа има нешто многу еснафско: веројатно затоа сум станал адвокат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Можеби ова ви е единствена прилика - велам земајќи си го пасошот и црвенеам заради сопствената ненадејна дрскост, заради неумесноста, заради тонот кој ги повикува на ред сите неупатени во случајот, заради тонот кој ѝ е длабоко туѓ на мојата природа, но ете, се вовлече како вирус во мојот глас.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Добрата форма на мојата природа ја потврди брзото изнаоѓање кутии во различни големини.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Но, што да правам. Јас не можам да избегам од мојата природа, ниту пак да се сменам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Посакав и за мене, за мојата природа, да најдам соодветно овошје, си спомнав дека наликувам на праска.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Размислував околу тоа што е најдобро за мене, што би ја исполнило мојата природа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А мојата природа беше таква што бараше блискост и единство.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— Кога ќе победи комунизмот, ми вели, ќе се исправи и мојата природа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Очигледно дека моите размислувања се плод на самата ситуација и атмосфера во која сум западнал, ама и на разбудување на нешто ново во мојата природа, оти и покрај тоа што сум си поставил задача да ги набљудувам луѓето и животот, сум почувствувал дека и љубовта воопшто играла важна улога во животот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мислам дека сите додатни објаснувања на Соња Пазарџиева имаа за цел да ме уверат дека сум прокоцкал убава шанса, но дека животот без тие непредвидливи околности ги губел изненадувачките својства, а спомнатата Соња, ја сфаќала во прилична мерка мојата природа, знаела дека јас не сум спремен да го изберам сивилото како основна боја за моето секојдневие.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со истата брзина раката ќе ми избегаше пред оган; чија и да е смрт или повреда на истиот начин ќе ми ја одземеа силата; а имаше многу причини да се замрзнам, бидејќи, на пример, 118 okno.mk чувствував дека мојата сопствена смртоносна болест се придвижува; но ништо од тоа не можеше да ја предизвика одвратноста до којашто доведе тоа нејасно препознавање, а тоа е реакција на целата моја природа која го премавна моето разбирање и ме наведе да отстапам како пајак.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Казнета сум покрај овој дуќанџија!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Јас не икав, па и не јадев, тоа е самата моја природа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)