мој (прид.) - пријател (имн.)

Грета: Не. Ова е мојот пријател Дики.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Поминаа три месеци откако нејзиниот маж воопшто не мисли да го пречекори прагот на својата куќа и да излезе надвор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста (Го ексира пиењето): Јас не се шегувам кога се во прашање моите пријатели.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А ова син ли ти е?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, одвреме-навреме ги читам романите на моите пријатели.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа се обични мои пријатели, познаници и е толку природно што сум ги поканил дома на едно мало поседување на кое фино потпивнувавме, мезетевме, разговаравме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А, сега, што? Сега можам само да се држам за пенисот во растегнатите стари пантолони и, место на повеста, да мислам прескакулица на сѐ и на сешто, но на ништо стамно, да мислам на Тери-Трајан, мојот пријател од детството, кој овие сега износени, но и тогаш подносени пантолони, ми ги даде во Гери, Индијана, при една моја посета таму, мислејќи дека ние на Балканот сè уште немаме асално да се облечеме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Само јас и неколкумина мои пријатели го сметавме за таков.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
” “Кај моите пријатели.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Или сепак се работи за млекото-крвта-јазикот?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Каде се?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се обидувам да ја разбијам твојата стравична мудријашка поза посовршена и од онаа на мојот пријател шри чин Мои - Пепси Коксиевски.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа вечер, пред да се затварат вратите на Изложбата, со моите пријатели се упатив со такси од Версјските врати кон „Сен Лазар“ во „Амстердам“ улица, каде што беше хотелот, во кој бев сместен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Жал ми е ако се разделам со моите пријатели од „Бетон“, говореше Роберт.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа најмногу се почувствува во изразите на лицата кај моите пријатели од Париз, на кои веднаш се отпечати носталгија по родниот крај додека со трепет во душите ја слушнаа песната и ги гледаа македонските пејсажи од Преспа, Охрид, Битола...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еден мој пријател падна од една скела и остана мртов.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За да се одмориме од патот влеговме со мојот пријател во познатиот париски ресторан и кафеана „Кај двајцата Магота“ која е стара стотина години а која беше преполна со гости.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мојот пријател, амбасадорот од Скопје го гледам и денес во меѓународните емисии, вести.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од резиденцијата под Водно замина одамна, кога тука замириса барутот и се најдовме пред портите на една контролирана, но сепак заканувачка етничка војна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Еден од моите пријатели, писател, тврдеше дека некаде во пустините во Ново Мексико, научниците работат на таен проект, толку таен што ако некој еднаш влезе во фабриката повеќе не излегува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Движењето на таа камера беше чиста емоција.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се сеќавам, една пријателка на моја пријателка, многу одамна, го откачи дечкото оставајќи му кратка порака во стих: „Цело време ми го читаше Ниче, а ниеднаш не ме фати за пиче!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Прекинувам да учествувам, што се договорите ќе преведам, а сега одам на другата маса, кај мојот пријател Неџо.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Две недели покасно моите пријатели дојдоа на гости.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Еден мој пријател од Крагујевац во една од неговите хип хоп песни има напишано еден стих: „Сеци вене сеци вене неќе бити боље”, што е инспирирано од „прекрасниот живот” на авторот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Едни мои пријатели кои редовно практицираа бајачки мисионери слушнале за него дека бил многу подобар од кецот и дека бил толку способен што разговарал дури и со Господ.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Ме растажи веста за болеста на мојот пријател... - почна Сокол Мечески откако се поздрави со Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сепак, најпривлечен момент во филмската креација за мене бил, е, и ќе биде дружењето и соработката со прекрасните карактери на моите пријатели - андерграунд уметниците и луѓето симпатизери на андерграундот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но, да ви илустрирам со „свежи скопски примери“: мојот пријател, господинот П. Г. Пепси беше извонреден андерграунд гуру во доцните седумдесетти и во осумдесеттите, сѐ додека не ѝ се посвети на сопствената мистичка пракса...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Вонземјанинот Мигел ми шепна на левото уво дека мојот пријател Разбојник работи за полицијата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ист како оној на мојот пријател Разбојник.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Така и сега, наместо за чудесни пролетни трепети, треба да ви раскажам за едно старо, никакво палто. За палтото на мојот пријател Павле. Прозаична, здодевна работа!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Барем да беше Павле некаков таков што обрнува внимание со облеката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зад ридот е колибата на дедо Иван, мој пријател. Сакам да те види.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Една вечер враќајќи се со автомобил од некој концерт, мојот пријател Норман и јас останавме опсипени од сликата која изнурка од некој мрачен подвозник и удри во автомобилското стакло налик на ненадеен кошмар.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Моите пријатели - сликари, писатели, интелектуалци - живееја во среќна опозиција на режимот, сите дисиденти, сите во подземје...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мој пријателе, она што не можеш да го прифатиш кога имаш триесет години, кога мислиш дека светот е твоја бисерна школка, понизно ќе го прифатиш на педесетгодишна возраст.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Не треба да си толку чувствителен, мој пријателе“, Милан го прегрна мачорот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја знае една моја пријателка, нејзин маж, он не збори нејзе седум месеци. Седум месец, Рози.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Земајќи ги предвид насобраните сознанија за животот и за луѓето дали и денес би постапил така како што постапив тие денови? Не сум сигурен...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, во тој момент станав свесен за чудното, самобендисано, неодговорно дури и опасно однесување кон нашата иднина на поголемиот број мои пријатели, и помислив, не, не помислив само, туку и решив дека морам да ѝ се спротивставам на неодговорноста и на алчноста...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во друга витрина во истата просторија беше изложен еден предмет, досега непознат во литературата за Дишан: “bilboquet”, играчка што се користи во една детска француска игра, која се состои од дрвена прачка со украсена дрвена рачка забодена во неа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но на топката на овој билбоке Дишан ги издлабил следните зборови: „Билбо, ке / Сувенир од Париз / На мојот пријател Бергман / Дишан 1910.”
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
САЗДО: (Се врти кон шанкот) Вруќа за мојот пријател.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
САНЕ: Дупла! Во тој момент во замаглената просторија на бифето навлегува завивање на сирена.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Но, мојот пријател Хорацио Цвикало има поедноставно објаснување: нервните рецептори се заситиле од ’рмбање без застој, па решиле да штрајкуваат. Ненадминливиот Хорацио!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Патрицијот беше видено потресен: - Верен мој пријателу, постојано ќе го имам крај себе – се сврти кон морето да ги сокрие солзите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И, услови Павлето, ќе одам во пријателска Југославија, кај славниот маршал, мојот пријател, ама тие Егејците со се весник и со се клуб и здружение да ги снема.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„И?“ Можеше да игра фарса - да ни каже дека некој странски дипломат измолил да ги пуштат неговите деца, него и жена му, а самиот тој е немоќен да стори што и да е за спас на други луѓе; можеше да игра фарса, но тоа не беше негов жанр.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Јас одам не затоа што самиот го побарав тоа, туку затоа што некои мои пријатели – дипломати од Британија и Франција инсистирале кај овдешните служби да ми издадат излезни визи.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А зошто инсистирале твоите пријатели да заминеш, ако не е навистина опасно да се остане овде?,“ прашав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, ова е само привремено, затоа што моите пријатели инсистираа да заминам.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од кучката на мојот пријател проплака цело село.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И додека моите пријатели - уметници фаќаа пусија околу манастирот, по ливадите и карпите, на песокта крај езерото, јас останав во манастирскиот двор за да ја сретнам повторно манастирската обителка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Почнав со раскази пред 7-8 години, охрабрен од мој пријател.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Два или три месеци по овој настан, кој остана моја тајна, наминав во дворот на мојот пријател, стопанот на кучката, на крајот од селото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зедов лопата и натрупав снег во висина од шеесет до седумдесет сантиметри, онолку колку што беше висок Стефан, внукот на мојот пријател.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еден мој пријател, кој беше во војска истите две години додека јас бев во морнарицата, ме снабди со деталите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ураганот навистина се случил, и сигналниот вод на мојот пријател навистина ја имал задачата опишана во приказната.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
“Еден мој пријател се тушираше синоќа во женскиот блок,” рече тој.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Трчав и очите ги држев отворени, посебно кога трчав по западниот дел (овде сакам да му се заблагодарам на мојот пријател Павле кој за цело време ме подржуваше во трчањето).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога јас би бил во ситуација да бирам страна, што би рекол еден мој пријател книжевник, „Во нашата книжевна средина мора да избереш страна инаку ќе те нема!“, јас би ја избрал страната на Андриќ затоа што тивкоста, бавноста и шепотот, секогаш помагаат во кавгата да се вклучат оние што би требало да ја водат, оние чии оценки за тоа кој каков писател е, се најрелевантни, а тоа се читателите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, како што вели еден мој пријател, киното не било отсекогаш такво.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Ех, кога забранија да се грицка и да се плука во киното, пропаднаа многу професии и обичаи“, на крајот од разговорот заклучи мојот пријател.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Задоволството од една пикантерија од книжевниот живот кај нас, исто така, не ме остави мирен се до мигот кога не ја споделив со моите пријатели.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Еден мој пријател, ден-денес раскажува за тоа кога колата му заглавила во длабок снег.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Му го раскажав ова на мојот пријател, а тој ми вели: „Не оди толку далеку.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога му го раскажав ова на еден мој пријател, човекот ме потчукна по рамото и ми рече: „За секоја работа си е потребен цел човек!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Еднаш, не така одамна, бевме двајцата: јас и мојот пријател на ручек во ресторан.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Јас ова ќе го напишам, му реков на мојот пријател. - Напиши го.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Делејќи им ги статиите, за цело време се плашев да не треба да се изложам на посебни напори, то ест да ги претворам моите пријатели во идиоти за да сфатат дека без објавувањето на делата на некои автори ќе биде многу тешко да се открие душата на нашиот народ, да се оформи свеста за тоа кој сме, а уште помалку за тоа каде зјапале 100-те академици, писатели и научници додека ги составувале списоците.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во на се вселив сосем случајно во јуни таа година кога еден мој пријател, а само пријател тоа може да го направи, откако доби поголем стан преку жена му, едноставно ми овозможи да се вселам со тоа што ми го даде клучот а меѓу нас падна договор сето тоа да остане некако настрана од ушите на злобниците.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но, решеноста да бидам достоен на зборот што го дадов, да останам чесен пред очите на тој мој пријател, едноставно да ја заслужам таа негова великодушност, беше над секоја моја ниска потреба, во која, за жал бев принуден да го сместам и читањето.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- В ред, Томо. Знаеш и ти дека твоите пријатели се и мои пријатели.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На зборовите „мојот пријател“ во главата на Ивона се создаде вистинска конфузија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Душка! Овој, - намерно го изостави она господин , е мој пријател кој е на поминување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Касарната сега не функционира, но од еден мој пријател кој лично се познавал со Саво ја добив неговата адреса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Сакам од втора рака подобро да го запознаам мојот пријател доктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Расте под крилјата на моите пријатели Снежана и Саво“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сѐ за мојата пријателка, но внимавај повторно да не го затуриш именикот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И тука настанала кавга затоа што тие истите тогаш се појавиле со електричен шпорет, а сега мојата пријателка ги „обива“ галериите низ градот барајќи соодветна уметничка слика.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па така, неодамна, една моја пријателка, тргната на свадба во договорот со мајка ѝ, во неврзан муабет одеднаш станала сведок дека на времето кога самата била невеста, при прегледување на материјалот снимен на „ВХС“ лента, мајката си забележала во тефтер кој со што дошол на свадбата и колкумина биле присутни, демек колку порции изеле на неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се претстави како другарче на едни мои пријатели, а изгледаше пристојно, да не речам многу пристојно, во костум со мантил. Стегнат, висок... и со коса.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А треперењето се растегна како жица и ѕвони на нејзината врата, мојата пријателка отвора, гледа и се насмевнува.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На некое друго ниво е оваа релација на моите пријатели .
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И ова што јас, Јован Акиноски, за последен пат го разговарам со вас, мои пријатели и законити жители на Потковицата, и тоа ќе биде запишано внатре, јас лично ќе го запишам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа го симнал куферот од грб, го положил во тремот на станицата, ја поканил придружничката да седне до него, потоа и тој се прибрал до неа на куферот, и додека чекале да пристигне возот од Битола за Прилеп, на Јончета Ризески Штетата, кој дојде за шеф на станицата на местото на Недлека Акиноски, кого при крајот на последната Голема војна, на повлекување, Германците го убија на станицата во Прилеп, и уште на Крстета и на Ордана Дамчески, кои, едниот како чувар на пругата а другиот како десетар, постојано се вртеа тука, им раскажувал што сè било запишано во тевтерот и додека раскажувал постојано се загледувал во ридиштата а таму врз нив, веќе префлено на оваа страна и на зајдување, сонцето како злато да истурило, така се чинело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На малкумина драги мои пријатели, на малкумина.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Мојот пријател од детство седеше крај мене и замислено ја испитуваше својата нежна дланка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мојот пријател се мршти. Готов е да го одбие но човекот со белег не чека одговор и седнува на нашата маса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И јас така мислам, се насмевна мојот пријател.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас штедам, јас не сум како моите пријатели Јенки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Тој мој пријател беше дете во своето восхитување од ножот со седефена дршка и од моите мускулести раце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неколку минути не изусти ниту збор, не се ни помрдна, недоверливо гледајќи во мојот пријател со подзината уста и со ококорени очи; потоа, доаѓајќи си малку на себе, зеде едно перо, и по неколку прекини и џарења во празно, најпосле пополни и потпиша чек на педесет илјади франци и преку масата му го подаде на Дипен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Славата на вашата фамилија за чесноста ми е добро позната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не послушала. Судејќи по извештаите во весниците, откинати ѝ се обетките, одземен ѝ е прстенот од раката и еден прстен од ногата, сè насилно и набрзина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Можеби самата едноставност Ве наведува на грешки“, рече мојот пријател.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пред да излезам од продавницата, мојот пријател ми довикна: – Во целата ситуација има една добра работа. – Која? – Стана јунак на една приказна. – Каква приказна? – пак се сепнав. – Приказната се вика „Чај за двајца“ и нејзини јунаци стануваат сите оние кои ќе најдат каква било обетка, кај било.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Фармерот љубопитно го загледуваше коњот. – Добро утро, синови на моите пријатели, – рече тој. – Како му е името на вашиот коњ? – Мое срце, – рече братучед ми Мурад на ерменски. – Убаво име, – рече Џон Биро, – за убав коњ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога префектот си замина, мојот пријател почна да ми објаснува некои работи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Враќајќи ми го накитот, мојот пријател малку се замисли и додаде: – Јас знам чија е оваа обетка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во еден миг, помислив да одам на закажаниот состанок во градината кај „Знак прашалник“, за секој случај набавив дури и неизрежан клуч, но тогаш пред оваа намера се испречи една голема промена во мојот живот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Седевме во темница, па Дипен потстана со мисла да ја запали ламбата, но повторно седна без да го стори тоа, откако Г. рече дека е дојден да се посоветува со нас, или, поточно, да побара мислење од мојот пријател во врска со некоја службена работа што предизвикувала големи неволи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Катица Ќулавкова  Скопје, февруари 2012 Eдгар Алан По  УКРАДЕНОТО ПИСМО Nil sapientiae odiosius acumine nimio.2  Seneca Во Париз во есента на 18-, една ветровита приквечерина, уживав во двојното задоволство на размислувањето и на пушењето луле заедно со мојот пријател С.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Тој мој пријател беше дете во своето вохитување од ножот со седефена дршка и од моите мускулести раце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На моите пријатели им препорачувам да седнат околу мене и да ме слушаат со отворени усти.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
По илјада четиристотини четириесет минуити ќе бидат предалеку.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Вечно спијат само покојниците, - одговорив. – Чинките на мојот пријател Пајо имаат моќ само дваесет и четири часа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тој со моите пријатели објави две мали списанија, што доживеаја само еден или два броја, Ронгњронг и Блиндман.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Јаничарите биле јаничари. И исламизацијата било познато како се вршела.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првите записи за баклавата кај Османлиите се сретнуваат на почетоците на царството, уште во 1473 година, во времето на освојувачот султанот Мехмет II.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По моето утрешно реферирање, ќе ни преостанат заемките од гастрономијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас, мој пријателе по судбина, во годините на бујната младост ги почувствував ударите на двете несреќи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еве, мој пријателе, јас би завршил со инаетот, не можејќи да му го утврдам местото во трајната балканска меморија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако ја завршија големата дебата за генезата на универзалните лавиринти, посебно балканските, Татко ненадејно го запраша Камилски: Знаеш ли, мој пријателе, кој е најголемиот лавиринт и на кој никогаш не може да му се најде излез?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мила, утре завршува нашата мисија, наскоро ќе ги утврдиме, односно прогласиме стоте (без)опасни османизми со мојот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој беше готов да продолжи со толкувањата за потеклото на јазикот, но Татко, следејќи го авторитетниот тон на Камилски, се надоврза: Во право сте, сосем сте во право, мој пријателе, сѐ додека лингвистите трагаат по потеклото на јазиците и нивните трајни механизми, тие постојано ќе се соочуваат со историјата на човештвото како и со неговата историја низ милениумите...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој почувствува дека се најде на свој терен, па супериорно продолжи: - Да, мој пријателе, појавата на јазиците и натаму останува енигма за науката и лингвистите кои се поделени за нивното потекло, но генерално се прифаќа дека способноста за зборување на човекот започнува пред два милиони и двесте илјади години според генетичкиот код на Homo habilis.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како што, мој пријателе, во одделни јазици постојат одредени темни зони, коишто остануваат непреведливи и кои, всушност, го сочинуваат самиот идентитет на народот што го говори тој јазик, така и зборот тикуш може да биде темниот, непреведлив збор на идентитетот во доменот на прехраната.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Не се смеј, мој пријателе, нѐ има нас на Балканот доста наивни донкихотовци!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Третирањето на поимот инает зазеде повеќе место и време отколку што очекуваше Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не рече ништо, настана мала тишина, а потоа Камилски, небаре со нов залет на мислата, со повисок тон продолжи: Никогаш, мој пријателе, нема да ги заборавам времињата кога со нашата бригада доброволци во Шпанија се боревме со мерценарите мерценерите кои беа во служба на фашистот Франко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да, мој пријателе, реков среде европска Сорбона дека само руската школа може успешно да ја изврши таа мисија, благодарејќи на новата концепција која ја наложува самиот живот зашто само нејзините општествени структури ги претпоставуваат во нив самите, новата политехничка школа на трудот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бездруго, мој пријателе, анонимниот Балканец Фаик Коница, односно Европеецот Транк Спироберг, имал и други приврзаници на своите идеи покрај, се разбира, Гијом Аполинер и Реми де Гурмон? запраша Камилски, веќе внесен во проблематиката, но без да насети каде цели Татко со историјата на оваа полемика во едно далечно и друго време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога те слушам, мој пријателе Камилски, размислувам дека баклавата може да се смета за еден од ретките симболи што сведочи за подемот и падот на Османската империја! Не разбирам како?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски ја разбра ироничната алузија, имаше одговор и за ова прашање: Овие книги не се купени само за мене, со еден мој пријател, ги обединивме нашите библиотеки, и со нив сакаме да ја спасиме иднината на нашите чеда од балканското проклетство!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Што ве поттикнало за оваа хипотеза, мој пријателе?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски веднаш прифати: Имам од мојот пријател порачка да му ја најдам книгата на Nahoum Weissman, Les janissaires, (Librairie Oriant Editeur), 1938.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но Климент Камилски иронично надополни: Но, сепак, мој пријателе, во толкуте илјади зборови, се провлекле и катиљ катиљ пораки, кои некогаш сееле страв и трепет, а останале и натаму во нашите јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас и мојот пријател сме стари за револуција или да започнеме некое движење, но и ние сме обземени од колективниот дух на книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова е смела теза, мој пријателе, зар ќе се спротивставиме на сите балкански историографии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не може да се рече дека Камилски беше задоволен од одговорот, но додека неговата сопруга ги послужуваше парчињата од петаникот, пита којашто беше од фамилијата на тикушот, но со разбирливо и предвидливо име, Татко се обидуваше да ја доразвие својата мисла: Пред малку ја разгледувавме судбината на зборот модар патлиџан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мене, мој Паскали, ми останаа уште троа пари да купам колекција лупи за читање и една лупа за мојот пријател, потоа организирање на транспортот на книгите до железничката станица...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ете, тоа јас го сонував, мој пријателе, како никогаш да не сум се вратил од Голи Оток, како таму ме погребуваат во голема јама со моите стари соборци и, замисли, со сите почести, дури и со посмртен марш!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога ќе ти го прочитам заклучокот на мојата дисертација, можеби сѐ ќе ти биде јасно! одговори мигум Камилски и продолжи: Замисли, мој пријателе, пред угледните професори, без оглед дали се од десничарско или левичарско убедување, а во комисијата на одбраната и од обете, можев слободно во заклучокот да го изнесам своето убедување: Педагогијата претставува грандиозна епоха во историјата на педагошката наука и нејзината примена ќе може да се остварува по Октомвриската револуција......
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И еве, мој пријателе, ние стануваме спасителите на тоа што можело да се спаси од исламско-османските вредности во доменот на лексиката на балканските јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние сме загрижени на Балканот, а посебно јас и мојот пријател, вавилонското јазично проклетство да не продолжи и во новите кревки балкански нации, па, не дај боже, да дојде до нова балканизација и братоубиствени судири.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Така е, мој Камилски, сепак турцизмите остануваат еден од најцврстите кохезивни фактори на тоа што во лингвистичката балканологија се нарекува балкански јазичен сојуз. .
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Каде отиде Кејтеновиот син, мојот пријател не еднаш потоа го барав.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Прости, - му реков на мојот пријател.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ако го грабна сега за душникот, помислив, кутриот Кејтен, кутриот мој пријател.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се плашев ако нешто веднаш не сторам дека ќе умре, не ќе го преживее тоа мојот пријател.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кутриот мој пријател Исак Кејтен, Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Еден мој пријател ме викаше Отец Симеон.“ „Отец Симеон! Звучи како манстир.“ „Смешно или набожно?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зар и болот и смеата? Копаше и наоѓаше: бол беше мојот пријател и умре како бол, далеку од сите палми.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој беше единствен мој пријател, сакаше да рече и пак молчеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Ќе сторам така, не ќе сум дембел“, се смири и уште еднаш не сфати: во крвта на Отец Симеон со протегање се разбудуваше питон: „Ќе сторам така.“ А келнерот притаено му рече: „Мојов пријател одлично се боксира.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го разбирав донекаде и изречното барање да набавувам пациенти од мои пријатели за извесна ординација.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Има една новост: планирам да престанам да работам како liftboy оти со еден мој пријател (Сајмон Вилиамсон, ти имам за него пишано) планираме да отвораме дуќан за чевли.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Легендите никогаш не умираат и кога конечно ги напушта реалноста...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш обраќањето во храмот го завршив со зборовите: Народот на оваа земја, на Македонија, во храмот Света Софија, му го дари најсветото што може да му биде подарено на еден поет - неговата тивка светост и тишината на истрајбата во времето, како пристан на големиот Махмуд Дарвиш во враќањето од егзил во силната прегратка на човештвото...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше времето кога младата македонска дипломатија ја понесуваше мисијата на нови обврски во врска со приемот на Република Македонија во Обединетите нации.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше мојот пријател, полскиот амбасадор Мајевски кој минуваше крај построената гарда. Се изненади кога ме виде во салонот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Долго време, како и мојот пријател, полскиот амбасадор Мајевски го очекувавме денот во славната палата на Претседателот Бургиба, како во некој егзотичен храм од 1001 ноќ да бидеме внесени во списокот на Шехерезада, со што продолжуваше дипломатскиот, воопшто животот во светот на суверенот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мојот пријател Едгар Морен, умее многу поуспешно од мене да ги вреднува високите книжевни достигнувања на Старова, автор на една магистрална книжевна хроника за едно семејство во текот на XX век што претставува несомнен придонес за нас западните Европејци подобро и подлабоко да ја разбереме балканската историја низ впечатливи филозофски метафори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Требаше да се пренесе специјалната порака до мароканскиот крал Хасан Втори (тогаш Мароко беше непостојана членка на Советот за безбедност) потоа до Претседателот на Тунис Бен Али, како и до тогашниот министер за надворешни работи на Алжир, мојот пријател од Тунис Лакхдар Брахими...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И новата земја што ја претставував во Франција, како десети дел од некогашната југословенска федерација, Република Македонија, природно не покажуваше интерес за комплицираното и за неа некоњуктурно палестинско прашање, макар што обете земји на некој начин се судруваа со слична судбина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше уште многу прашања кои сакав да му го поставам на мојот стар пријател Махмуд Дарвиш, поврзани со мојот пријател Јасер Арафат и палестинското прашање, кои беа живо присутни во еден дел од мојот живот за време на дипломатската мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го прегрнав на крајот мојот пријател Махмуд Дарвиш по чудесната ноќ во која илуминираа неговите зборови-ѕвезди на човекот-вистина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Останав на маргините на палестинското прашање, но будно ја следев судбината на Јасер Арафат како владетел до неговиот трагичен крај, на пријателите од неговото опкружување, од неговата генерација кои беа и мои пријатели...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мојот пријател, вујко ѝ Грозде, ме замоли да направам нешто, да помогнам, да ја изведам на пат за да може да си го печали лебот. Ништо друго.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На рецепционерскиот пулт еден од црнците го остави клучот, дојде до нашата маса, го потупна по рамото мојот пријател и заедно со другиот црнец и девојката со брзи чекори ја минаа бавчата на хотелот и влегоа во сиво ауди.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ама барам милост, му реков, а таа милост е за мојот пријател ибн Пајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еден ден дојде да не посети мојата пријателка Веда, којашто ја немав слушнато ни видено со години.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Ова е мојот пријател - рече.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За намесник на Изабела го поставувам нејзиниот и мој пријател Петар Петровиќ. Co ферман Фра Георги да се прогласи за предавник.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од Мехмеда ја сакам Виена, a во Ердељ да го доведе мојот пријател и синот на Изабела Јована Жигмунда и да го накаже Фра Георги ако Казим-паша не сврши работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А на оние, кои како мојот пријател Бодријар, велат дека оваа војна всушност и не се случи, им одговарам: оваа војна можеби не се случи во актуелниот глобален простор, но се случи во глобалното време.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Еве, на пример, мојот пријател Демијан.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И така, мили мои пријатели, овој исклучителен континуитет на егзистенцијата, на Езерото му овозможи да стане вистинска жива Атлантида, прибежиште и ветена земја на скапоцени живи суштества на старата терцијална фауна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ние успеавме со Цветана Горски и со моите пријатели да создадеме минијатурна музејска колекција на флората и фауната на Езерото за да ги потсетува идните генерации во бесмртноста, но и смртноста на езерските и крајезерските жители...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сè уште не можам да кажам нешто поодредено, бидејќи моите пријатели и јас сме уште во фазата на планирање.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Б.С. го говореше она што го видел.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Да бидам прецизен и јасен, не се случи ништо спектакуларно кога им ги расакажав на другарите тврдењата на командантите - го образложуваше и понатаму својот разговор со некакви служби и службеници мојот пријател Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Според неговото објаснување Службите пројавиле посебно интересирање кој друг освен него можел да ги слушне спомнативе разговори?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мојот пријател Б.С. ве опиша во сите поединости - му реков на доктор Пачев длабоко уверен во она што го кажувам, а и овие мои зборови ја поттикнаа во мене увереноста дека Б.С. не измислувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислата што ја бев изрекол ме повлече кон случаот со ќерката на мојот пријател Милошевски.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И овој разговор всушност настана откако Господ Саздов се обиде да ме запознае со причините за нивното разрешувањето од должностите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А на време ги бев забележал намерите на мојот пријател.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со ставовите што ги застапував пред мојот пријател Господ сакав само да му укажам дека на властите веројатно им се познати размислувањата на некогашните команданти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаев речиси сè, бев упатен во сите поединости, па сепак, не знам зошто, откако ја скрив срџбата зад широката насмевка, и понатаму седев спроти него и потпрашував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, и покрај ваквото грдо претчувство сепак верував дека уздите на нивниот заеднички живот цврсто ги држи во рацете мојот пријател Раде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Не скршнувај од асфалтот, можеш да зацапаш во локвата“, е еден од честите другарски совети на мојот пријател.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Токму така се изрази, мојот пријател Раде. во својата вообичаена занесеност.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога ќе тргнеше во двобој мојот пријател настапуваше навистина како бесстрашен пеливан а аргументите на противникот, тоа го знаев од лично искуство, за него беа мали калливи локви што треба само да се прескокнат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира, јас сметав дека и оваа приказна на мојот пријател Раде е измислена за да се оправда политичката ликвидација на двајцата видни партизани за кои многумина сметаа дека веројатно застраниле.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„9-та, ние мојот пријател и јас, бевме ученици на III⁷ на гимназијата „Орце Николов“.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
- Ми велат дека сум наметлив - му се жалам на мојот пријател.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Сепак, вели мојот пријател, се работи за илузија.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
- Од каде наеднаш пријател, мој пријател? - на сета мака се засмеа Зајачето.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Гледав малку а потоа излегов да прошетам со мојот пријател Џон Овенс.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
НОРА: Стоички. M СТОИ = ИЧ KICK, ко што вели мојот пријател од лабораторијата за бесполово размножување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Останатите приближно двесте студенти останаа да гледаат со очевиден интерес.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сте се сретнале веќе, нели?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Значи не го бираш (психо)активниот квазигерилски пристап што го застапува господинот Путица, на пример, туку ја бираш таа величествена позиција на ќутук?!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сè почна кога мојот пријател, г-дин Ракот, ми дојде на гости еден ден.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Презентацијата веќе беше почната.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ме сретнува еден мој пријател и ме прашува како си, што правиш, не можам да те познам, од што си ослабел.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Е, море машко, сонам дека сум се престорил штрк. Штрк, ами како...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сабајлево ми заѕвони мојот пријател новинар со покана „да тркнеме до Але Пале на една NJD презентација“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Бегај! Бегај! Убежај!... Потоа, долу на брегот, го чекавме и него. Мојот пријател Бјелоусов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се распрашував кај сите мои пријатели дали знаат некој “уметнички клинец” кому му е потребна работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Штом се преселив, одлучив да побарам некој помошник.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Изгледот на компанијата за куки и јажиња навистина беше застрашувачки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој откако преживеа уште еден пекол во Албанија во 1997 година емигрира со помош на тогашниот амбасадор на Франција, мојот пријател Патрик Крисман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Стиgна веста за смрtта на татковата сестра Фатмира.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Амин Малуф беше рисјанин, а мајчин јазик му беше арапскиот, светиот јазик на исламот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сепак, еве, ви испраќам еден исечок од весник: писмо адресирано до магазинот Телерама од мајката на една од моите пријатели и кое е објавено во Писма на читателите* во бројот од оваа седмица.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Знам дека можеби предолго ви пишувам за мојот пријател, за докажаниот пријател на Балканот, човекот и амбасадорот Крисман, но би можел уште многу да ви пишувам, до создавањето на една нова книга на мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Прв ја прочита книгата Едгар Морен, па Робер Мале, некогашниот ректор на Сорбона (кому тогашниот претседател на Рерубликата Шарл де Гол, по познатите настани од 1968 му го доверува на управување најпознатиот француски универзитет, по една негова изјава дека на барањата на студентите не се одговара со сила) и на крајот Амин Малуф, мојот пријател и омилен автор кој веќе се беше здобил со Гонкуровата награда!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И кругот на моите пријатели се ширеше по преведувањето на книгите од сагата низ Европа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И згора на тоа, се изнесуваше во написот, Патрик Крисман, кој, за својата безбедност треба постојано да живее чуван најмалку од двајца полицајци, минува еден дел од своите ноќи во преведување автори од Македонија и од Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Значи, во оваа индустриска зона која се протега на неколку хектари се сместени магацини, фабрики, гаражи и претпријатија од секаков вид, како и една печатница каде што работи една моја пријателка во службата за експедиција и која е експерt во правење пакети. & реков: Те молам спакувај ми ги овие работи да стиgнат неоштетени, и покрај незгодите што би можело да ги има на граница (од овде се мисли дека с е можно.) И покрај тоа што таа секој ден не е во допир со ароматичните состави кои ги става во картонски пакет, подготвувањето на овој пакет посебно ја забавуваше.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Господине, Јас често размислувам за поглавјето под наслов Поука за божествата од Татковите книги што го претставува воведот во Атеистичкиот музеј.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нема книга која подобро ја доловува Енверовата диктатура, од оваа книга исповед, запишана од познатиот француски писател, мојот пријател Ерик Фај.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Откако ги прочитав неговите книги јас постојано им зборувам на сите во кругот на моето семејство и на моите пријатели, ги позајмувам, ги подарувам: дадов еден примерок и на една орштинска библиотека.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Си велам исто така дека вие можеби знаете за овој автор, и можеби ги имате неговите книги; во тој случај ќе најдете некого кому да му ја подарите книгава што ви ја испраќам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред моето патување за Тирана во посета на мојот пријател, амбасадорот на Франција Патрик Крисман и преведувач на мојата балканска сага, повторно патував во Поградец.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во салата беше присутен со една голема чанта и романсиерот Орхан Памук, објавуван со мојот пријател Амин Малуф, кај истиот издавач Јапи Креди.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во моите писма веќе ви набројав неколку такви личности, но не ви го спомнав и мојот пријател Патрик Крисман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие впрочем ја читавте книгата исповед на Јусуф Вриони пред мојот пријател Ерик Фај.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се прашуваа моите пријатели преведувачи што се случува со мене останувајќи дење и ноќе врз белата хартија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Има, почитувана госпоѓо Лејбовиц, уште многу да се пишува за мојот пријател Патрик Крисман, за неговиот придонес во мојата балканска сага, без кого не можам да го замислам нејзиното продолжување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На Пол и Доминик, кои останаа мои пријатели, им се доверував за моите книжевни рланови, за мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во тој дух е и напишана книгата на мојот пријател Амин Малуф, Погубни идентитети, чиј пример за мене претставуваше вистинска парадиgма во прифаќањето на комплексноста на рлури-идентитетот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Поет во себе, тоа тешко се носи, тоа е тешко во душа невреме, мој пријателе.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Има ли бегање од ова? И каде Страдањето, мој пријателе, е она што покрај сонцето, тука најмногу го има!!!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со моите пријатели во Русија, претпоставувавме, и се надевавме дека и на Запад постојат некои нормални луѓе, слични на нас.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Еден мој пријател има обичај да каже, “Жените секогаш ме сакаат поради човекот што не сум”. ◊ Отсекогаш сум сакал да бидам степ-играч, токму како Бети Форд и Барбара Волтерс.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ова е осврт на животот што тогаш го водевме, моите пријатели и јас - осврт на сликарството, филмот, модата, музиката; на суперѕвездите и настаните кои ја создадоа сцената во нашето поткровје на Manhattan, местото познато како Factory. 22 Margina #10 [1995] | okno.mk 1960-1962
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Можете ли сопствената работа да ја гледате како духовна документација на реалноста која исчезна?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дојден сум овде да поздравам еден пријател. Во својата дипломатска мисија во Франција тој стана мој пријател.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имав и јас нешто за неа, една болест за која ми зборуваше мојот пријател лекар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Онкокерциасис“, реков. „Знаеш ли што е тоа?“ Гласот ѝ затрепери. „Кажи ми.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Во Јужна Америка и во Африка. Еден вид мува ќе те касне и ги полегнува своите јајца во твојата крв, и кога јајцата ќе созреат, ларвите - мали бели црвчиња - преминуваат во твоите очни јаболкца, токму под мембраната, такашто можеш да видиш како се грчат.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Хартмановото вложување во романтизмот е премногу големо за тој да не се чувствува загрозен од Дерида.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мојот пријател и колега Џефри Хартман во една своја книга зборува не само за чување на текстот (што е наслов на книга), туку ја завршува книгата со извонредното размислување за зборот како рана кое јас би го насловил критичарот како врач. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 22
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еве ја и втората случка: Еден мој пријател, човек во години, на ист начин како и јас, згазнал на кора од банана.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тогаш се сетив на зборот - сенилен - што татко ми го употреби за дедо ми, се стрчав кон работната маса на мајка ми, сигурен дека мојот пријател Братољуб Клаиќ ќе знае да ми каже што значи. Се разбира дека знаеше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не знам што се случува со мојата пријателка Чана?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Јас би можел моето да го измерам според бројот на килимите што ги има исткаено мојата пријателка Миру и според големината на празнината што зад неа остана откако таа замина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Драга Бреза, веројатно мајка ти ти раскажувала за нашето верување во реинкарнацијата и за животот по смртта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)