Секој мој крик на болка е молитва за некои на кои им е потребно само малку светлина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Лудвик гледаше во мене, во моите солзи, ги бришеше, и ме тешеше; замислете, господин судија, тој мене ме тешеше, наместо јас него; тој си одеше; немаше ништо пред себе, одеше во целосна неизвесност; ние пак се враќавме во својот сигурен и предвидлив свет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се обидував да го смирам, ама не можев зашто не знаев како да ги скријам моите солзи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Моите солзи на твоите усни, сиурно силно печат, моите солзи на твоето срце, моите солзи на твоите раце, сигурно лузни ти оставиле.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Мојата душа ти се предаде долго пред да те сретне.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Стојам пред себе, пред мојата солза која се лизга низ образот..
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Секоја моја солза е дел од морето, ќе се роди во форма на прекрасен бисер, а од нив прстен за некоја друга љубена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)