Мојот став е дека невклученоста во академскиот свет допушта одредена слобода, вклучувајќи ја слободата да се прекршат некои правила - на пример, да се употребува терминот деконструкција на начин којшто можеби нема да биде во согласност со неговото точно Деридијанско значење, - и да се повикам на автори за кои не може воопштено да се смета дека ја застапуваат деконструктивистичката метода.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тоа би бил мојот став и за теоријата на шемите.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Бидејќи театарот е поле на кое јас би сакал да биде регистрирано моето творечко битисување, апологетите на мојот став ќе ги барам токму кај него.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Јас немам такви амбиции, но немам ниту намера да исчекорам од мојот став дека кај нас, ако не те прогласат за мртов, не стигаш никаде.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тој мој став го промовирав преку приказната за Кузман навивач, кој војната на комитите и турците ја набљудува од прозорецот на својата куќа, то ест од мирно место. Навива ту за едните, ту за другите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Според тоа, мојот став кон Југославија може да ја отежне само мојата положба, но не и положбата на Југославија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сето тоа го искажуваше со почит.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќе ти кажам и што се случи со мене откако заврши бурата: поостарев, станав повозрасен во разбирањето на нештата, а истовремено помислив дека на мојата кожа, (ова го велам најодговорно) животот запиша уште едно правило што го заслужува нашето внимание.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали го сфаќаш тоа, даскале: на природата наеднаш ѝ се присакува некои изгубени времиња да ги надокнади за да втаса таму каде што требало да се најде пред неколку месеци или дури и пред години?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Помислив, а до денес не сум го променил овој мој став: јас мислам дека бурата не е ништо друго туку забрзан начин на живеење на природата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па и покрај ваквите мои ставови тој Ѓурчин од слободата, во зборовите на Таша остана само еден од другарите кои во текот на војната престојувале во вашиот дом.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Само затоа немав храброст да ги заострувам моите ставови!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога ќе размислам сериозно јас и попот Милошевски бевме и останавме сепак пријатели иако овој мој став ја следи познатата увереност дека не треба да се смета на „посебно пријателство“ кај луѓето помеѓу кои времето ќе создаде осетливи цепнатинки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Би ме радувало ако овие мои ставови кај Вас најдат разбирање.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Кога ќе се сетам на оние години кога ја свирев музиката - слободната импровизација - тоа пак беше мојот став, оттука мојот жив интерес за неодреденоста.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
„Слушам, сè слушам и се потврдува мојот став: иако ги викаме - деца - треба да ги прифаќаме како рамноправни личности и според психофизичките способности да им дозволиме да се вклучат во сите проблеми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Да, токму така. Откако започнале неконтролирано да ги испуштаат водите од Езерото, мојот став е кристално јасен: одбрана на Езерото со сите можни средства.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
За некои од тие вистини, поместени во книгите, постојат и мои ставови и записи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)