мој (прид.) - страна (имн.)

Навистина, пресудата кој кому му згрешил е неисправна и неиздржана, а давањето обвиненија однапред ве тера да ја заземете мојата страна, но јас темелно го испитав случајот и сега ќе ви го кажам со ред.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Гронинг: (се смее) Точно. Имаше доста некритичност од моја страна што се однесува до одреден дел од прилозите и арт програмите. Веројатно барав незгода.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Третата воздишка беше знак за Луис да го вклучи невронскиот сметач што беше наместен на мојата страна од масата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Па затоа си реков дека можеби ако не ти пречи и ако не е дрско од моја страна....
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Наредното прашање го поставив речиси непосредно, што од моја страна можеби беше избрзување: "Добро", реков со нетрпеливост во тонот на гласот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јас беснеев, оти Земанек ме напушташе, не застануваше на моја страна; во еден миг, ја искористив тишината и, за да ги повредам и Земанек и Луција, реков: „А можно ли е барем паузата да не биде народна, туку меѓународна?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби некогаш Таша му има говорено за нив? Дали ги сакала?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Би било убаво од моја страна да го замолам Иван да се сети како се викале тие цвеќиња?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Во војните раѓањата и смртта не ги почитуваат воспоставените норми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Даскалов пред нив, пред моите врсници, се стави на моја страна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Голем број, веднаш се согласивме, беа ужас, па лесно и брзо се разбравме дека не доаѓаат предвид.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но имаше други случаи – и тоа болни – во кои несогласувањата меѓу нас изгледа откриваа некои разлики во вкусовите што не беа релативно безболни, туку длабоки, незгодни, лично унакажителни карактерни испади, прекршителски незапазувања на став што го изразува вистинскиот родов и сексуален идентитет (главно, се разбира, од моја страна).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дечко ми ќе подзастанеше, попарен, додека му покажував некој кандидат и додека му кажував дека мислам дека е возможен или барем замислив избраник за мијалник.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
(Да им беше наменет само на геј- мажи, ќе значеше дека не им е рамноправно достапен на сите квалификувани додипломци на Универзитетот на Мичиген и од моја страна ќе беше непрофесионално да го предавам.)
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мал дел ни се видоа како возможни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еве: ти прибери го едното, телото, јас ќе ги приберам останатите девет невидливи нешта се на моја страна: -Заповед од мојата чесна уста, -слава од мојот ум обновуван, -почест од мојата радост непоматена, -сила од моето срце широко, -почит од луѓето, кои се мои потпирачи, -верба од мојата душа умножена, -успех од мојот корен ијладажилест, -акција од мојата крв зовриена -песна од моето грло пуштено.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас од моја страна ќе си дозволам со чистосрдечна жал да видам во сегашното движење полно фијаско.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако Онисифор Мечкојад можел да е прв во тврдоглавоста, Онисифор Проказник стоел веднаш до него, да сраснат еден во друг, да се скаменат, да станат еден варовник од некогашни два живи облика, подоцна, многу подоцна да ги подлокува безнадежен дожд и да ги напукнува сурова жега.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Браќа, можеле да пиштат од утроба, браќа, бидете на моја страна, другиов Онисифор ќе е ваша измама додека е жив, и само темно се гледале бедни, можеби и болни од неспиење, браќа, само за еден Онисифор има место на овој пат, судете, осудувајте, бидете со мене и не ќе се покаете, и молчеле очајни како да ќе ги остават засекогаш на тоа место своите неутешни души.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, гледам: влечки, ’ко во турска серија свртени кон мене, стапалки од шарена хартија, кои ми го покажуваат патот до дневната, до масичката, а на неа, бидермаер од булка и ѕвончиња во чаша за ракија, компјутер со отворен ФБ на мојата страна и чај од нане! Цел свет е мој!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На моја страна беше науката, ризницата на човечкие опити дека е ова само кус, малку понеобичен сон.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знам веќе, семејство, но сега наместо да си на мојата страна а против нив, ти се приклонуваш не оставајќи ми време за било што, дури ни да се помирам со судбината и да се привикнам, се појавуваш вака, водата капе низ тебе, сивата вода на невремето и студенилото, обесхрабрувачко порекнување на нешто што толку го чекав додека постепено се ослободував од твоите браќа и сестри обидувајќи се да ги сочувам силата и ведрината, да имам џебови полни со пари, да смислувам каде ќе одиме, пржени компирчиња во оној ресторан под дрвата каде што е толку фино да се руча покрај птиците и девојките и стариот Клемент што го препорачува сирењето проволоне и понекогаш свири армоника и пее.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Спроведување на намалување на интересот за личните нејзини потреби од моја страна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ова, се разбира, од моја страна беше иконокластичен гест и жестоко- Сквернавење. Сквернавење, безочно, сѐ.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но од моја страна ќе беше сосема нечувствително веќе секое задржување, не сакав премногу да ги жалостам срцата на милите роднини. Проклет да бидам, таков сум по природа не сакам да останам ни минутче каде што не ми е местото.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
ПРВАТА ЖЕНА: Оваа, мајка ти, е многу лоша станата, постојано нешто ме боцка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А кога беше дете сѐ на моја страна беше, ми помагаше, од пет годинки ја оставав да ги чува другите деца, беше како мајка, зашто јас морав да го следам дедо ти, постојано одевме на игранки и матинеа во домот на ЈНА, а редовно мене ми се восхитуваа и на убавината и на умот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Стево Трајчов се обидуваше да го праша нешто својот адвокат кој набрзина внесуваше белешки на листот истрган од папката со материјали од истражната постапка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема беше сосема гола, оддавајќи впечаток на питомост и дарежливост, но во исто време, видена од мојата страна, држеше до својот пркос, подигната на високи штикли од кои израснуваа нејзините долги, необично раширени нозе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Рацете на Круме Волнаровски му беа залепени со дланките и спуштени меѓу колениците (имав впечаток дека рацете му беа во силен стисок меѓу колениците, за што тој, најверојатно, не беше свесен), а главата му висеше напред така што од мојата страна можев да му го гледам само левиот образ и дел од темето во сиви нијанси како лишај на кутнато дрво.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Думав на валијата да му сторам ќејф со една џамија од моја страна, да ја кренам со мои луѓе и со мои пари, во слава на Алаха и на падишахот, само да ме остави намира”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сакаше да се огради од какво било барање од моја страна.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таму стои и дека даските се црни, на таванските греди се нишаат пердиња исткајани од пајаците и дека на полицата што била на мојата страна, целата во прав и саѓи, имало две празни конзерви едната со сало а до неа и една книжна ќеса со сол која поради исчаденоста повеќе наликувала на стуткана свинска кожа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но, само што, лично мене, секогаш ми се чинеше, дека од моја страна тоа е просто извесна форма на деликатност...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Реков: вчера! Сетив дека Пачев остана разочаран (сепак со поглед исполнет со сомневање изјави дека сметал на поголема кооперативност од моја страна).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, таа остана скаменета, здрвена мамара: ни збор од моја страна ни збор од нејзина.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но тука, барем од моја страна, имаше и нешто извештачено, во изнасолениот грч на насмевката, кој, иако се трудев, не можев да го трпам од своето лице.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Иако можеби следниот пат ќе биде полесно, ќе претпоставам што ќе ме чека, ќе се подготвам за нејзиниот изменет изглед.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Точно е дека ништо не видов, но точно е и тоа дека можев да се досетам подобро од секој друг како дошло до несреќата и кој го испратил тој луд Ракоткин да го среди нашиот Ролан Јаковлјевич! И која била причината!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа беше срамно од моја страна, но јас прифатив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Точно е, сѐ беше речено од моја страна онака како што веќе изјавив, и како што вели и Кубре“ се обидуваше да ја објасни својата улога во оваа несреќа расплаканата Росана, „но со една забелешка што мора да се има предвид.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да, и тоа можев да го речам... Но ете, не го реков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Ау! Нема потреба. И онака тетин ти си спие таму.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја погледнав втренчено мајка ми и прекорно изустив без глас „десет? не може!“ а таа се обиде да застане на моја страна, исто поради тоа што незгодно ќе беше толку време да им се тупнувам на луѓето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Господине, Како да ви кажам за мојата збунетост пред да ви зборувам за тоа што јас го сметам со многу леснотија и непредвидливо од моја страна?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Господине, Јас имам израелски пријатели со кои, веќе со години, ја споделуваме надежта за победа на мировниот процес.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но јас мислам дека не би било толку паметно од моја страна да продолжам да ви пишувам за секакви поединости за оваа ситуација за која моите коментари и немири не би промениле ништо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Последното добиено писмо како по правило секогаш остануваше од моја страна без одговор.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сега се враќам на предметот на вашиот факс од 16 мај.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А јас пак од моја страна дали бев спремна да се борам против некој што не е повеќе на овој свет, против противник со кој не сум рамноправна, со мртвата жена на Филип?
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Дали беше поштено од моја страна да се втурнам во таков поход?
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Толку само за еден дел од секундата, едно подзастанување од моја страна.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Дали беше поштено од моја страна тоа што изневерив?
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Некои беа против она што го работев а некои беа на моја страна, а многумина сакаа да го прават и она што ќе им падне на ум.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Филип Хаџиевски само шетка и потпевнува: ,Гледам на Исток, гледам на Запад, не знам која страна е на моја страна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толку многу бев повредена од нејзината постапка, што никакво сожалување од моја страна таа не можеше да очекува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Баш обратно: - Не си добра мајка – фрлив уште една отровна стрела кон неа. – Дури и ако го заборавам прстенот, не можам да заборавам нешто друго.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)