Ако имам малку среќа, следнава сезона два мои текстови треба да се играат на разни јазици... и праќам писма на Хелен Стујарт (Ла Мама) во Њу Јорк, извадив карта за концертот на Рајнингер и Баланеску квартет... ич глава не ме боли за состојбава, која ниту зависи од мене, ниту јас можам да ја сменам.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ме заболе за општата состојба, ако сакаш. Се чуствувам одговорен само за себе.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Со време, Татко повеќе немаше сили ни да ги чита, а уште помалку да ги коментира, како некогаш, моите текстови.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сакав да му се допаднат моите текстови, да ја оживеат неговата моќ за читање, како форма на живот, како будење на животот во Татко над кој, верно, на свој начин, бдееше Мајка, но и сето семејство.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во врска со сето ова, како податок лично за себе, ќе кажам дека меѓу моите текстови има малку такви што се врзуваат во метафорика, и воопшто по изразните својства, со македонската народна поезија. т.е. што се пишувани , по обичното велење, во духот на народната поезија“, вели поетот Блаже Конески, соопштувајќи ни одредени посебности од неговиот поетски опит.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Тоа делумно доаѓа оттаму што германските филозофи не ги читаат директно моите текстови, туку се повикуваат на секундарни, често американски интерпретации.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Обвинувањето се состои во тоа дека моите текстови во одредена точка токму со жанровското мешање стануваат литерарни текстови, и дека поради тоа отпаѓаат од филозофијата која произведува дискурс кој е подложен на правилата на аргументацијата, верификацијата итн.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
За тоа е виновна рецепцијата на моите текстови, но јас немав таква намера.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во моите текстови постојат многу други зборови и поими кои во моите очи поседуваат иста нужност.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
-Ако имате муда, ќе го објавите мојот текст - мирно ни соопшти г-дин Банда(ш).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Мојот дом е меморија е текст е приказна 43 Насловот на мојот текст, “Децентриран Дом”, е рефлексија на вашата тема (им вели волкот на прасињата фатен во сателитските микрофони на ловецот кој на своите многубројни екрани посматра...).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Бездруго дека далеку повеќе сум слушал од него отколку што тој прочитал мои текстови, иако знаев дека со себе, во внатрешниот џеб на кожената виндјакна, носи книшка од цариграскиот поет Дагларџа и понекогаш ја прелистува и ми преведува стихови што го освоиле.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Не, ова не е мој текст – реков – некој го вметнал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Немаше повод да пишувам за Зрновски. – Значи ти не ќе пишуваше за него без повод? Тоа сакаш да речеш?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во седумдесеттите, се чувствував како момчето од песната на Брн.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тоа што испадна дека едно успешно македонско списание за млади (сепак месечно, а не неделно како во мојот текст) го носи истото име, е уште еден случај кога се совпаѓаат непредвидливата реалност и предвидливата фантазија.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Кристијан Фаур, директор на Технологии за соработка во уметноста при Универзитетот Денисон, Охајо, САД, беше љубезен да ми помогне во обезбедувањето пристап до академските списанија во САД.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Мојата искрена благодарност до Марија Тодорова заради нејзината помош во преводот на моите текстови од англиски на македонски јазик, како и за постојаната поддршка и поттик. 129 ИНДЕКС Адорно, Теодор 80, 85 Акончи, Вито 67, 118 активизам 51, 75, 107, 108, 118 Андерсон, Малколм 16, 20 апатридија 33-37 Арент, Хана 76, 79, 95-98 аутсајдер 9, 14, 57-58 Бауд, Михиел и Вилем ван Шендел 12, 22, 23, 55, 57 Бауман, Зигмунт 40 Бенхабиб, Сејла 97-98 Берлински ѕид 21 билборди 102-111, 117 регулација на, 103-104 Бонито Олива, Акиле 111 Бордерхак 50-52 Бродел, Фернан 9 Валерштајн, Имануел 24 весници 71, 81, 103 Водичко, Кшиштоф 113-116 Вохенклаузур 52-53 130 Гиденс, Ентони 38 глобализација 38-40, 45-47, 49 дефиниции 38-39 граници дефиниции 11-13 функции 14 и идентитетот 24 Грос, Елизабет 10, 25-26, 57-58 Гупта и Фергусон 60 détournement 106 Димитријевиќ, Брацо 110-113 Донан, Хестингс и Томас Вилсон 21, 61 Еко, Умберто 59 зонирање 44, 103 Жижек, Славој 107 Илич, Фран 50-52 Иригаре, Лис 26 јавен простор дефиниција 70 функции 72-73 јавна уметност 113, 115, 118, 119 Келнер, Даглас 81, 90, 92 131 Клајн, Наоми 69, 102, 106, 107, 117 Коен, Едвард 39 Кон, Маргарет 76 Кристоф, Ладис 13 културно попречување 105-109 Леви, Примо 29 Лефевр, Анри 75 Лефор, Клод 67 Маркс, Карл 91 Маркс, Гери 16, 19, 40, 43 Мекартур, Даглас 33 Мичел, Дон 73, 74, 78 Муф, Шантал 94-95 надзор 19, 22, 40-45, 68, 76-78 надидентификација 107 Негри, Антонио 43-44 Омае, Кеничи 39 Пелерин, Хелен 16, 25, 30, 32, 45 Прескот, Џ.Р.В.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
„Ви благодарам, мили мои, многу труд сте вложиле да ги разберете, научите и интерпретирате моите текстови.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Имав впечаток дека таа излегуваше од светот на мојата балканска сага што си го беше утврдила како главен домен на својот интерес во нејзините писма, предизвикана од актуелноста и неизвесноста на настаните, за потоа повторно да се врати на моите текстови и да ми се придружи во мојата потрага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Вашата размисла, ме враќа уште еднаш кон мојот текст Поуки за божествата, кој не без причина е вовед во романот Атеистички музеј...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Книгата му се допадна, напиша и предговор за неа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Подоцна, кога често патував по светот и со подеднакво чувство на релативно верување влегував во катедрали, цркви, џамии, синагоги и пагоди, па оттаму во моите текстови се обидував да ја пренесам истата тишина од храмовите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сега, на крајот, ми стануваше појасно зошто толку многу ги читале (!) моите текстови.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Завршуваше претставата на апсурдот во која само јас не си ја знаев однапред улогата и мојот текст.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Го препрочитав два-три пати мојот текст и бев многу задоволна од него и од себе во таква улога.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Колку би било супер мајка ми да напише роман во кој јас ќе бидам славната Каприција (родена – Бреза)!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)