Веројатно очекуваше дека ќе се впуштам во некои будалести прашања со намера да ја препорачам мојата умност, но откако Пачев заклучи дека сум и прекумерно трезвен, дека сè уште сум со моливот на хартијата, само го изусти она многу шупливо добро... добро... дури и без насмевка во паузите помеѓу нејасните зборови од приказната што ја бев веќе слушнал : Ете, твојата пријателка Пеперутката заминала, што може секому да му се случи, а не оставила никакво објаснување или белег.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)