Роден сум на булеварот „Партизански одреди“ број 111. Зад мојата сива зграда се наоѓаше моето училиште, зад училиштето - фабриката за печива и слатки „Ванила“, а зад „Ванила“ - пругата на која е убиен народниот херој Кузман Јосифовски Питу.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Таму отидовме со другарчињата од моето училиште, предводени од наставничката Вера која нè учеше, заедно со Трпана, до второ одделение.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Па, во моево училиште има над осумдесет.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Леле! - се фати за глава Бојан. - Па само во твоето училиште има повеќе учители одошто ученици во моето училиште.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Дали и ова што Вера се префрли во моето училиште не беше смислено.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Како ја откривте природата? На гробиштата, посетувајќи го гробот на старамајка, кога умре. На гробиштата и на скверот Лувоа, бидејќи таму беше моето училиште.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)