Учители, учители драги, на небото мое ѕвезди сјајни, учители, градители мои, во спомени ќе ве носам трајни.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ти си мојата ѕвезда која ја носам во душата и ја чувам, ја чувам како дел од мене...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Ти си мојата ѕвезда на месечината...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
- Леле, внуко, Ѕвездо моја, како да те крепам, мило? да ми станеш, мила Ѕвездо - ти да станеш - јас да легнам - зашто мене ми е редот - јас да умрам и куртулам - од пустава старост мачна подгрбена, снемоштена, без домаќин - без чедото - сосечено од душмани - стани, мила моја Ѕвездо - мене стара да ме легнеш! - зашто змија ме каснала - отровница, проклетница - леле, злоба озлобена ме раскина, ме парчоса - да си појдам во темната - во темната безденија - мене таму ми е редот...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)