И може творецот на светов жив да ми те врати штом мојот ќе го чуе стон!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Св. Ѓорги премудар Во рацето со копје-зрак, На коњ е качен црнодлак, На тој јунак божји дар Ламјата ќе му реше: „Зар не гледаш мал си, мал, Мислата моја ќе те згмече, Ќе те гори и дотолчи“ Летна копје, ја погоди Сред мисла, меѓу очи.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Подај ми ја раката јас мојата ќе ја кренам вишно стебло врз жилав корен да врзе.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Си договорив 20 дена во Институтот за генетско истражување во Бел Камен, па така, кога моите ќе заминеа на работа, јас си ја исполнував обврската кон образованието и си добив потврда за тоа, па и потпис од професорот, си полагав и си добив десетче, ама не пријавив дома.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Пред сто лета или вчера (сеедно е сега за нас) по тој двобој Жеро Жерав недостижно славен станал: “Што е мое ќе го бранам?“
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Најубав е од сите што ги продаваа на сите охридски тезги, а не пак од оние на прстите на мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Можеби ќе извади некој од другите прстени, не баш со зелениот камен, но секако таа ќе се снајде и секако мојот ќе биде најубавиот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Со тежината и со топлината моја ќе ги пеглам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Што весел да бидам, бре татко - му рекло момчето - коа уште утре ќе бидам жив, чунки царот ќе не губит дека не можиме да му напраиме синџир од песок?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Го распрашал царот со ред за како го чуал татка си.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ами лели и син ми мој ќе ме донесит и мене за да умрам од глад коа ќе остареам како татка; ај јас да си го вратам дома и да си го гледам дури сам да си умрит од своја смрт.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Можеби сега би требало да ви ја опишам накратко?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ж: Реално гледано тоа не е баш музиката за која ви зборувам, но впрочем, можеби и оваа мојата ќе ве заинтригира барем исто толку.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Народ ли мој ќе насмееш, о с’нце мило, весело, век кога страшен пребродил и го со болка товарил?
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Во твојот златен кафез затворена песната моја ќе секне.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Затоа, за разлика од теориите на Дарвин и Коперник, моите ќе бидат применливи.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Дотолку пострашно,“ рече доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Зборуваше испрекинато, напрчено. Во очите му светкаа зелени искри.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Од денес стариот мој ќе оди на обука.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„На стариот мој еден другар му кажуваше, а јас стоев до колата и слушав.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Со бодроста моја ќе стасаш до врвот!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)