моќен (прид.) - институција (имн.)

Враќањето во Палестина не беше лесен процес макар што Арафат успеа да ги најде храбрите, чесни и далекувидни Евреи, подготвени да живеат едни крај други со Палестинците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но недостигаа моќните институции кои враќањето, создавањето на палестинската држава ќе го претвореа во реален и издржлив процес, тој тешко можеше да се справи и со противниците на мирот од обете страни.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Наместо политички простор обележан со непосредувана интеракција и отсуство на принуда од страна на моќните институции, имаме простор за рекреација и забава, наменет за користење од страна на соодветна јавност, простор што е испланиран, уреден и безбеден.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Од места на комуникација, јавните простори се трансформираат во ексклузивни сцени на спектаклот, со приватно обезбедување за да се заштитат купувачите и бизнисот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)