Утрото мртов беше Гојко. На спиење беше му се испроврела душата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мртвите беа отидени под земја, тој отиде да го дојаде ланското јаболко што го држеше во рака и што го начнал пред да се наведне над мене.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Плачејќи над нас, паѓам од смеа. Солзите не ги разбудуваат оние што отишле и што не ни рекле збогум и проштавајте.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)