Ѝ реков дека џезот веќе е сосема испразнет од фолк-содржините на црната раса, од неговата изворна фолклорна содржина, дека е останата само неговата рамка, неговата универзална музичка форма, која сега треба да се полни со нашиот фолклор; и не само со нашиот, туку и со секој фолклор во светот, оти не е само нашиот фолклор богат, туку има такви уште неброени и незнајни богатства на планетава.
               
             
           
            
            
              „Папокот на светот“
               од Венко Андоновски 
              (2000)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  За балетскиот ансамбл на Марс Канингем, со кого во почетокот на 40-те започна           долгогодишна соработка, Кејџ ги создаде Имагинативен пејсаж бр.2 (1942) и           Имагинативен пејсаж бр.3 (1942) во кои го продолжи испитувањето на некои           можности на електроакустичната музика “во живо”.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 11-12“
              
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Првите композиции на Џон Кејџ, Шест кратки инвенции, Соната за два гласа и Соната за кларинет (сите од 1933), напоредно со разработката на 25-тонскиот систем, демонстрираат критичко испитување на традицијата со користење на етаблираните музички форми: инвенциите, настанати во барокот, и сонатите, круна на архитектонскиот принцип на изградба на музичкиот облик од класицизмот до современите нео-класични тенденции, што претставува погоден медиј за негирање и иронија на неприкосновените ремек-дела од минатото.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 11-12“
              
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Помеѓу 1933-34. ја истражуваше можноста за хроматска организација на низата од 25 тона без повторување (Шест кратки инвенции, завршниот дел од триото Соло со неизоставно следење на два гласа во канон);   1935-38. користеше фиксирани ритмични структури организирани по принципот на серијална техника; од 1935. постојано прави дела во кои ја комбинира играта, филмот, театарот, ТВ-то; 1939-56. компонираше музика (Прва конструкција во метал) во која ритмичната компонента е организирана на основата на истите пропорции на малите и големите делови; 1938-51. настанаа делата во кои е нагласена (ориенталната) експресивност (Сонати и интерлудии); од 1951. ги користи “операциите на случајот” и посебните, за нивна употреба направени табели; 1952. настануваат неговите најважни откритија, помеѓу останатото и примената на несовршеноста на хартијата при одредувањето на структурата на делото според Ји Џинг; 1954 ја воведува неодреденоста, прво во делата без однапред одредени односи помеѓу деловите (Варијации); 1958. настануваат композиции без фиксирана партитура, но одредена при самата изведба; 1967. користи компјутер за одредување на звучните и композициските параметри; 1969. ги конципира делата во кои ја укинува разликата помеѓу изведувачот и слушателот (33 1/3); од 1961., кога излезе книгата Тишина, развојот и промената на музичките искуства ги следат теориските и мислените ставови кои ги изложуваше во текстовите (претставени во Маргина).
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 11-12“
              
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Поп и џез музичарите несомнено на повеќе начини се поврзани со употребата на марихуаната верувајќи во значајните можности на оваа супстанца во подобрување на креативноста, изведувачките способности и способноста за импровизација, што е многу важно кога е во прашање џез  музиката, којашто како музичка форма не е толку изведувачки ограничена  во споредба со класичната музика, во која изведувачот мора стриктно да се држи до нотниот текст.  144                                                             Margina #8-9 [1994] | okno.mk               
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 8-9“
              
              (1994)