Под Внатрешната партија доаѓа Надворешната партија која, ако Внатрешната партија се опише како мозок на Државата, со право би можела да се спореди со нејзините раце.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон се извлече од креветот гол, зашто секој член на Надворешната партија добиваше само три илјади купони за облека годишно, а еден чифт пижами чинеше шестотини, дофати една изветвена маица и еден чифт гаќи што лежеа префрлени на столот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се плашам дека малку од него стигнува до Надворешната партија“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Па сепак, ограничениот луксуз што го ужива тој - неговиот голем стан на убаво место, поквалитетниот текстил на неговата облека, подобриот квалитет на неговата храна, пијалак и тутун, неговите двајца или тројца прислужници, неговиот приватен автомобил или хеликоптер - го ставаат во свет различен од оној на еден член на Надворешната партија, а членовите на Надворешната партија уживаат слични предности во споредба со угнетените маси што ние ги нарекуваме „ пролови“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Меѓу двата огранока на Партијата постои извесно количество на меѓуразмена, но само колку да се овозможи слабаците од Внатрешната партија да бидат отстранети, а амбициозните членови на Надворешната партија да се направат безопасни со тоа што ќе им се дозволи да се издигнат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)