Потоа фактот дека Рајна е жена на пријател; добро, ако не на пријател тогаш барем на близок човек на семејството; и трето, она најважното: Ролан беше припадник на една група луѓе што беше прилично меѓусебно поврзана а средбите помеѓу овие луѓе беа многу чести.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во осамената соба влезе животот наметлив и силен и зафати да го најавува своето присуство и своето право.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Пред сѐ отвореното, наметливо и дрско однесување на натрапничкава.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Го парна мислата дека она што тукушто исчезна не е јава туку сон, толку наметлив и привлечен сон.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)