Кога беа на она место, каде што виделината на тој спрпелкан ден сосема се изедначуваше со врнежот, оние двајца толку се затскрија зад густата чипка на развиорените котолци на снежинките, што тој сега сети и како го штипкаат очите од таа напната и упорна загледаност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Такво какво што е, да го прими таа еднаш како свое, да се соживее со него, како со даденост неразделна и дел од сето она што го осмислува животот, бездруго и пред неа ќе се раскриеше онаа неизмерна убавина на многувиденото, напнатото и страсно завојување на никогаш доволно неискористеното и никогаш несвршеното секојдневие! Барем тоа...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Таа можеше подолго време да ја поднесе неговата молчаливост без да се почувствуваат напнати и потиштени, но сепак се чинеше дека тие го изменија своето однесување со некаков вид застрашувачки предзнак, еден вид на очекување дека нивната љубов, нивниот брак и бебето, кое беше на пат, не само што нема да се исполнат, туку дека тоа е само подготовка или вовед за нешто многу покобно.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)