Кејџ го преокупираше барањето на одговорот (“кој е таму каде што е и прашањето”, т.е. во човекот) со помош на создавање на еден од 64-те можни хексаграми и нивното споредување со метафоричните, однапред подготвени одговори.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во делата Шеснаесет танца (1951) и Концерт за препариран клавир и оркестар (1951), Кејџ ги воведува табелите за варирање на структурата, направени според основата на Ји Џинг, кои на композиторот му овозможуваат немешање во прашањето на изборот и го спречуваат во наметнувањето на сопствениот вкус.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Така Сатиевиот фестивал не беше место за афирмација на неговата музика, туку место за спротивставување на доминантната западна, германска линија на музичката традиција која го занемаруваше значењето и улогата на времето на сметка на архитектониката на делото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)