Со наредната измена од јули 2010 година46 се менува чл. 70 од Законот и се предвидува дека паричниот надоместок се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година за корисниците на паричен надоместок над 12 месеци, наместо како што претходно се усогласуваше со стапката на пораст на просечната плата остварена во Републиката во претходната година, за корисниците на паричен надоместок над 18 месеци.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Трендот на охрабрување на работодавачите од страна на законодавецот продолжува и со наредната измена од март 2014 година,51 со која работодавачот од приватен сектор кој по претходно поднесено барање до АВРМ ќе вработи невработено лице до 29 години возраст со полно работно време, ќе биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување, под услов да нема намалување на бројот на вработените на неопределено време сметано од 31 декември 2013 година до денот на вработувањето на нови работници, освен во случаи на смрт или пензионирање.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Наредните измени и дополнувања од 2011, 2013 и 2014 70 година се однесуваат на постапката за добивање на лиценца за агенциите за привремени вработувања и на условите под кои едно физичко или правно лице да може да формира ваква агенција.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)