наречен (прид.) - три (бр.)

...неверниот зрак што прска по фотографиите ја пронаоѓа средишната наречена три генерации мојот покоен дедо покоен татко и јас композиција смирена дури класична за албумот на метаморфозите процесот е тука речиси завршен и малите заеднички спомени собрани во лежерната опуштеност на телата несогласеностите израмнети во трите споени фотелји како на фреските со светите воини во царството на прездивот битките урнатините светилиштата раните ветени земји се зад вратата во ноќта дури и смртта дури и господ исчезнале впиени во молкот на сончевиот воздух...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)