Тоа што го гледа, тоа го молчи – не е како оние поднапиени музичари долу кои севзден ја пеат само песната за кондорот, божем други песни нема во планинава со коишто да им го штукнуваат умот на дојденците којзнае од каде научно наречени туристи и авантуристи, а може и безделници.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Сега сите тие, научно наречени туристи и авантуристи, а може и безделници знаат и научно можат да докажат дека кондорот непрестајно ја надлетува тишината, сега сите нив баш ги боли таквото за центрланите вести, сега сите тие се вдадени во пребројувањето на бакнежите меѓу две замавнувања на крилата на кондорот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Тие пак, научно наречени туристи и авантуристи, а може и безделници, не се и неблагодарници: до бесвест и мавтаат на големата птица која дури сега, на стари години, ги научи сите да гледаат угоре и главите да ги држат кренати, ги научи, исто така, како се срка планински воздух од кафено лажиче и како се распознаваат разредените звуци на харфа.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)