Иронијата беше во тоа што тоа се случуваше низ фокусот на еден гинеколошки инструмент, низ еден научен поглед кој му припаѓа на медицинскиот дискурс.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сите ние што во тој момент бевме во The Kitchen и го избравме стоењето во ред во очекување на ‘театарскиот миг’ кога на местото каде што е цервиксот името на уметноста ќе се поклопи со името на порнографијата, го доживеавме тоа преклопување на сцената на телото на проститутката.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
За разлика од поранешните филозофски и научни погледи, ние мораме да се поставиме наспроти светот и да бараме неверојатности.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Вилем Флусер: Верувам дека научниот поглед врз нештата ни го прави сѐ поочигледен фактот дека она што некогаш го нарекувавме законитости, всушност е сума на статистички збирови од случајности кои се засновани на општата тенденција кон сѐ побезоблично растурање.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)