Секој од наведените правци има свои карактеристики и методи и секако дека би ни требало многу повеќе време и простор за да се образложат поединечно.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но еден заеднички именител секако ги поврзува - обидот да се ослободи проблемот од „метафизичката конструкција“ и да се овозможи еден поширок и поквалитетен филозофски и научен пристап во неговото надминување.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Поновите истражувања, засновани на современиот научен пристап на личноста, во многу што успеаја да го тргнат велот на тајната од творештвото, но и понатаму го поддржуваат ставот дека творештвото, првенствено уметничкото, во суштина е абнормална состојба, бидејќи во моментите на интензивно вдахновение ги има сите карактеристики на присилно невротично дејство, кога творецот чувствува дека извесни идеи му се наметнуваат со некоја натприродна сила така што делото не е сосема негово туку и на некоја мистична сила која му го диктира стихот (Блејк), мелодијата (Моцарт), линијата или обликот (Микеланџело), коишто треба да се извлечат од дотогаш неорганизираната материја и да им се даде форма.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во исфрлениот вовед кој претставуваше интегрален дел на соопштението, (се чини дека авторот во последен момент заклучил оти таквиот приод кон темата го нарушува научниот пристап), професорот Седларски објаснува дека мотивот за јавно промовирање на материјата што му ја нуди на ценетиот собир бил многу животен, што значи бил поттикнат од конкретни случувања.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но бидејќи идејата за изненадување е помалку налик на другите неформални - а сепак многу полезни - идеи како што се вистината, убавината, шармот, доброто и злото, за да можеме да ја скицираме науката за изненадувањето ќе мораме првин, така да се каже, да го формализираме неформалното: а овој процес на формализација води непосредно до разгледување на карактеристиките на научниот пристап кон изучување на изненадувањето, животот, вселената или што и да било друго. превод и подготовка: Драган Јакимовски извор: John L. Casti, Compexification - Abacus, 1994. 102 okno.mk ЏИМ ВУДРИНГ логика на сонот okno.mk 103 104 okno.mk Даглас Волк СОНОВИДНА ЛОГИКА Џим Вудринг (чиј што еден колор-стрип беше објавен во Темплум-списанието, Лифт, се сеќавате?) е модерен надреалист кој совршено владее со логиката на сонот во рамките на неговите впечатливи предели на стравот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)