Имаше само неколку генерални настани од животот на Татко, кои не беа ставени под неговото необично ембарго: причините ненадејно да замине од родниот Подградец крај Охридското Езеро во Цариград, преку Солун по морски пат до Измир, неговите студии првин по шеријатско, а потоа по модерно право и исламска филозофија, враќањето во Поградец по завршените студии со факултетската диплома и лиценцата за адвокатура, работата како судија и адвокат во монархиска Албанија, напуштањето на Поградец во 1941 години бегајќи од фашизмот од својата окупирана земја, емигрирањето во Македонија и потоа приемот на југословенското државјанство, работата во еден од скопските повоени судови, работата во Националниот институт во Скопје, откривањето на битолските кадиски сиџили (ХVI-ХIХ век) и работата врз нивното средување и преведување до пензионирањето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во периодот од две или повеќе децении ја видов лажливоста на имиџот на уметничката активност во Британија, имиџ кој беше создаден според диктатот на националните институти како што е Тејт галеријата на Британскиот совет.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
И кога се вратив, откако Југославија се смири со СССР, по падот на сталинизмот и сите ние бевме помилувани од Голи Оток, но не ми ја вратија Катедрата по педагогија при Филозофскиот факултет, чиј основач бев, туку ме поставија за Директор на Националниот институт за фолклор.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)