наш (прид.) - прв (бр.)

За време на неговиот патронен празник, Свети Арханѓел Михаел, во нашата прва куќа во Куманово, која ти ја знаеш и си стои жива-здрава на своето место, во центарот на градот, се собираа голем број гости, како за Божиќ, така и за Велигден.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Овде можеше да се почувствува како оживуваат книгите од премногу прелистување, го дополнуваа животот на семејството, ја облагородуваа татковата осама во ноќите на егзилот, стануваа наши први пријатели.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Други ќе расудуваат оти со полното отцепување, од една страна, ќе ликуваат нашите непријатели, коишто ги насочуваат сите свои сили да ги ослабнат балканските Словени за да си подготват почва за разделување на балканските земји помеѓу нив, а од друга страна, оти тоа ќе нѐ натера нас Македонците да се откажеме од нашиот прв долг, да се бориме за политичка слободија, да разрушиме сѐ досега направено и да зафатиме сѐ одново, така да се рече, од азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Последната мајчина рожба виде бел ден со помош на старата Русинка, нашата прва сосетка која живееше со своите двајца синови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Преку нив ние ја добивме нашата прва духовна храна, зашто со нив се осмислуваше сѐ што гледавме со нашите очи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)