наш (прид.) - е (гл.)

И сега знам случајноста не е случајност... нашата е со причина... да бидам Јас кога не си ти.. и да бидеш Ти кога мене ме нема таму..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
— Петре просто воскликна: — А бре, Толе наш е, со своите арамии, бре! Ех, господ здравје да му даде!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Е, е. Не берете гајле, нели се замеша и Толе и тоа на онакво место!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неговото Сега е во нас, наше е, да го вдишиме, И да ги извишиме. Да се извишиме. Нерези 2009
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Наш е денов, светол бегу, а и ноќта!“ одговори веднаш спремно момчакот, веќе разгледувајќи ја со љубопитство собата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Тоа е ваша работа, велат, нашата е завршена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
I. Дружината наша е составена од шестмина долномаалци.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Им рече: - Ваша ли е топкава? - Наша е, - му рекоа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Божја работа се и војниве и болестиве, вели, а наше е да трпиме и неговите казни да ги поднесуваме послушно и понизно, како негово верно стадо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Племето наше е пиреј, вели Лазор Ночески, и не го ништи ниедна војска и ниедна болест.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)