Ќе премине во наша вера, ќе стане бег, и ќе му ги дадам Мунивер и Анастасија за да се ожени со нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Секој што го напаѓа нашиот јазик ни е исто таков наш непријател како и напаѓачот на нашата вера.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Исто се случува и со чудата кои се оправдување за нашата вера, која е чекорење по рабовите на сопственото срце, на тие ивици и аглести кривини се скриени најголемите тајни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Долго време, кога бевме сите заедно, Семејството со – Татко жив, крај Мајка – ни беше, на Балканот, и наша држава, и наша нација, и наша вера, и наша идеологија, и сѐ заедно.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А како не ќе го знаеја кога тој беше единствениот амал во градот од наша вера.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Овој е оној што ги учи луѓето да бидат против нашиот народ, овој им кажува да не ги почитуваат законите на нашата вера и овој зборува против храмов во кој се пикнал!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
ЕВТО: Која вера? Која е нашата вера?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ако ние Германците можеме да удриме со тупаница по книгата во која стои црно на бело што се нашите волја и нашата вера, тогаш сме опасни и непобедливи... (Специјално издание на Бурзовиот лист за германска трговија со книги бр. 254 од 30. 10. 1941) избор и превод: Г.Н.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Мораше да ми зборува за нашата вера, за нашето преобраќање, за прашања до чии одговори не може да се дојде и до крајот на животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Само очите да ги затворам и пред мене ќе се појават лицата на тие луѓе кои со големи, остри, пламени и жешки зборови, преполнети со нескротлива омраза кон непријателите и верба во победата, зборови кои ечеа како рофји и се растураа и растегнуваа како секавици, паѓаа врз нас како громови врз карпи и длабоко се врежуваа во нашите распалени глави, ја јакнеа и крепеа нашата вера и нашиот борбен дух.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Јадат, пијат, песни пејат турски, арнаутски, наша вера хуљат, псуват, кршјат стол и чаши.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)