А не да нè уценуваат за Свети Наум дека ќе ни го дадат, доколку нашата влада го потпише Лозанскиот договор дека ќе учествува во отплаќањето на турските долгови кои силите не можат да ги наплатат од Турција...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Командантот на штабот одеше на положаите над селото, ги зајакнуваше, ги извидуваше движењата на албанските единици по патот Подградец - Корча и кога ќе се вратеше во штабот во училиштето ги фрлаше весниците што му ги даваше учителот да ги чита лут што спорот сè повеќе се заплеткува. Викаше: - Ах, таа наша влада...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Револуцијата нѐ компромитира пред нашата влада и не нѐ претстави во добра боја пред европскиот свет.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)