наш (прид.) - дел (имн.)

Тој, пак, иако болен и трошен, успеваше, со моќта на својот дух, да управува и со с понемоќното тело и да ја шири уште поинтезивно својата мудрост, толку нужна во нашиот дел од патот кон излезот од балканскиот лавиринт.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А, вака, сите ти се смеат! Во нашиот дел на гости да не си се појавила со чаша!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во нашиот дел од светот властите се обврзни да го гарантираат снабдувањето со вода за пиење и да го одржуваат канализацискиот систем.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ние имавме полна куќа гости, но по ручекот се разотидоа така што во нашиот дел од куќата во тој миг никој немаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Партијата им порачала на нашиот дел од реката, што истекува од Езерото и се влева во морето, и на нејзините притоки, централи ќе граделе, ќе извишеле големи насипи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оваа состојба на духот што често ја препознавав и во нашиот дел од семејството, неретко ме револтираше, но и јас повеќе од инерцијата на наследената патерналистичка почит, компромисно ја прифаќав.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко остануваше доследен во својот наум добро да се исконтролира минатото на семејството, нашиот дел од балканската историја, за да ни биде подобро нам, на децата, и поуспешно да се соочиме со иднината, кога нив ќе ги нема.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но убаво ја чувствувавме тивката и дискретна набожност на нашите родители, во тешките и неизвесни периоди од нашите животи, притеснети од сиромаштијата и од неизвесните настани на нашиот дел од Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Новата книга во Татковото вавилонско одајче, крај чардакот, го означуваше влегувањето, често враќањето на самата надеж, кога таа нѐ напушташе во времето на непредвидливите настани на историјата во нашиот дел од Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)