Броеви, исолзени напори, сенки во сенки - темнина, нашата желба за воскрес на светлината.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Наша слобода - наша желба и нивен пораз и понижување; нивна слобода - наше уништување; наша слобода - нивно уништување...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Домаќинот ја разбра нашата желба. Веднаш нѐ воведе во кујната, ни изнесе разновидна риба, оставајќи нѐ сами да избираме, што сакаме за ручек. Се разбира - печена, на скара!
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Неговото настроение, секој атом од неговото суштество - сè во него ѝ говори: Не салата, мила, не луѓето, не блесокот на кандилабрите, не музиката, не виното, не, - сето тоа не, - туку ние, ти и јас овде заедно, нашата желба да се повеселиме...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се случува не по нашата желба.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Никодине, што е тука е. Некои работи се случуваат без наша желба. Рада веќе не е дете.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И ние сме луѓе. И нашата желба е пробојна. - Проповед на црвците. - Исповед, будало.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не ѝ е тешко да ги подготвува и најкомплицираните јадења и да ги исполнува сите наши желби.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не знам, богами, нешто се случува со неа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Татко ми е кроток и секогаш подготвен за играње карти со нас, децата, нешто што не може да се замисли во Скопје.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Денес, кога ја прашав што ќе имаме за ручек, ми одговори дека не е важно зашто што и да е подготвено, има сите да го јадеме, а ако не нѝ се допаѓа, ти и јас сами да си се снаоѓаме, таа нема намера да ги исполнува сите наши желби...
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Трендафил целиот живот го подреди на нашите желби и потреби.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ако бев едно од оние суштества со кратко паметење веројатно веќе ќе сметав дека детето е од мојата крв.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не знам зошто но наеднаш Иван го почувствував многу близок.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во прашање е можеби нашата желба да си ја испробаме силината? Или нашата отпорност ја клаваме на проверка?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
На рана возраст во животот, во кои и да е миг кога стануваме силно свесни за своите желби, геј-мажите откриваат дека повеќето човечки суштества што нѐ привлекуваат ни најмалку не се заинтересирани за сексуална врска со нас, дека не ги привлекуваме и дека не може да ги привлекуваме и дека некои од нив самиот факт за нашата желба ги грози.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сексуалната лишеност е темелна и пресудна за субјективните искуства на геј- мажите, не затоа што сите сме патетични сексуално изгладнети изопштеници кои никако да успеат да си најдат прифатливи партнери, туку затоа што задоволството на возрасните не може баш да ја надомести претходната историја на неисполнетост. (Како што вели Џорџ Хагерти кога зборува за гејството на пасторалната елегија, „Љубовта сочинета од загуба е љубов што изнедрува копнеж што не може да се исполни“.263
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така, нашата желба за мажи, во голем број случаи, е невозможна од самиот почеток, невозможна како таква.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дури и кога сме возрасни, не можеме да ѝ се оттргнеме на свеста дека, во очите на повеќето мажи, не се вбројуваме меѓу можните кандидати ниту за секс, ниту за љубов.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Оттука веројатно и онаа помисла: дека против нашата желба настануваат ситуации кога размислите без никаква контрола тргнуваат низ некои празни корита и татнат како надојдени потоци, како реки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Претпоставката за Другиот е можеби само последица на тој радикален сомнеж во поглед на нашата желба.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Некогаш сме имале искрена желба, сме спроведувале активности и сме имале цел, но реакцијата, одблесокот на нашата желба подоцна се остварила во време кога ние сме се измениле и веќе тоа не го посакуваме – рече старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)