Долго време, кога бевме сите заедно, Семејството со – Татко жив, крај Мајка – ни беше, на Балканот, и наша држава, и наша нација, и наша вера, и наша идеологија, и сѐ заедно.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Премногу си поигрува со верата! Заборавил на нашата идеологија?
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но едно нешто е сигурно: ако нашата пракса со електронските мемории (овие сé уште примитивни симулации на нашата церебрална функција) нé принудува да се откажеме од нашата идеологија во поглед на идентитетот тогаш нашата позиција на негативна ентропија (нашата ег-зистенција) во никој случај нема да биде “десакрализирана”.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ќе се приклониме ли кон помислата дека овие и вакви резони влечат кон утилитаризам, или пак ќе поверуваме дека тоа се резони, коишто нè воведуваат во филозофијата на XXI век, ни преостанува нам, како на читатели да просудиме во зависност од нивото на својата наобразба или од широчината на платформата на нашата идеологија но, прочитувајќи го овој роман на Луан Старова, сепак и сепак ќе бидеме спремни да се согласиме со нашиов високо извишен мајстор на литературно-уметничката реч, дека: „Ако има Бог, тој постои само во Мајката!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)