Во мигот кога не сме задоволни од сегашноста, кога нашето небо облаците ќе го затскријат, ние ги затвараме очите, за да ни се разоткријат ѕвездите скриени позади нив!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Или и нашето небо ја губи веќе височината.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Сонцето веќе беше заминато зад планините и на небото почнаа да се збираат големи роеви ѕвезди, многу јасни и многу жолти, какви што нема на нашето небо.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога му заврши шурката, Лабро се искашла и плукна со гнасна плунка и пцовка, велејќи: - Господ да даде никогаш под нашето небо оваа крпа да не се вее! - тој се сврте кон ѕидот, напучи газ и гласно прдна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во ноќта звездите прават свод за нашето небо.. ноќ во ноќ, ден во ден...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)