наш (прид.) - пат (имн.)

Ја напуштивме Аспровалта и, наместо за Кавала, пак тргнавме кон Солун, но пред нас се испречи патот за Ставрос, а да не го посетиме ова место, значеше да не биде завршен и нашиот пат по брегот на Егеј.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На моменти тие се собираат толку многу што ти се чини дека ќе се судрат, дека по овој воден пат се влечат многу повеќе бродови отколку автомобили по нашите патишта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имаме милиони и милиони трудбеници готови да се жртвуваат за големите дела, но сигурно ќе имаме и многу непријатели, саботери на нашиот пат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бидете сигурни дека ќе истраеме на нашиот пат! - Ќе истраеме! – прифатија со аплауз водичите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И негде таму, по нашиот пат на барањето на Моќта, јас те најдов тебе, Сендии. илустрација: Леонардо Лима 40 Margina #3 [1994] | okno.mk Хотелот „Нова Ружа” се состои од сандаци на скелиња, близу излитените рабови на аеродромот Нарита.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Некој дел од повеќекатница ќе се укажеше над нас, некој сив и влажен ѕид ќе изнурнеше на нашиот пат; големата медуза на улична светилка ќе запловеше за миг над нашите глави, движејќи се низ горните слоеви на вселената.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Многумина од вас тогаш ме прашуваа, трудејќи се во моите зборови и во срцата свои да ги најдат одговорите што дотогаш сами не можеле да ги пронајдат: ’Павле, каков е нашиот пат?‘ Тогаш ви велев да не го барате одговорот надвор од себе, туку единствено во срцата свои, со молитва и со чист живот, та тој самиот, со волјата Негова, ќе ви се покаже.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дали тоа значи дека секој од нас има свој сопствен, строго определен пат низ животот, и тој наш пат само навидум се приближува, се среќава па дури и вкрстува со патиштата на нашите блиски?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали мора да е токму вакво лицето на нерадосната пустина во која на крајот ќе опстане само жедниот кактус на нашата осаменост?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Распростри ги јорганите бели, бели снегоплатнени, спаси нѐ од модриве ножеви студени, што се зариваат сега кога по нашиов пат штотуку заоди игривото коњче на животот со мед и млеко!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не ни е лесно да прашаме некој намерник на нашиот пат. Не знаеш на кого ќе наидеш....
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А оваа потврда ќе ја чувате. Ќе ви ја побараат на излезот од Албанија и за користење на нашите патишта ќе платите две евро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ги носам со себе најшарените узди, ги пуштам нас да не врзат, нашите блесоци да се спојат, заедно да засветат, нашиот пат да го осветлат, зашто така најсилно се свети.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А и ние: мајка ти, јас, па и вие, моите цвеќенца, ако успееме некако да ја намамиме на нашиот пат таа проклета сребрена жица што се криеше длабоко под нас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А зарем на нашиот пат нè демнеа семожни опасности, како и на патот на јагулите?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Вратата се отвори и се заниша на ментежињата, отворајќи се и затворајќи се.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бев во голема невола: ми претстоеше итно патување; еден тешко болен ме очекуваше во село оддалечено десет милји; силна снежна меќава го исполнуваше просторот меѓу мене и него; имав кола, лесна со големи тркала, токму онаква каква што е потребна за нашите патишта; завиткан во бундата, со ковчежето со инструментите в рака, веќе стоев во дворот, подготвен за пат; но коњот, коњот го немаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Нашите патишта повеќе водат кон небото, велам, отколку кон било кој крај на земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)