наш (прид.) - патување (имн.)

ХОЛАНДИЈА ВЕТЕРНИЦИТЕ И ЃАВОЛСКОТО ОКО ЦЕЛТА на нашето патување беше Амстердам.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тука е неодминливиот Х.Х., сенка на нашето патување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Поминаа четири-пет месеци од моето, од нашето патување.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа беше прво и единствено наше патување на толку далечна дестинација, во бизнис класа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но, тука не завршува нашето патување со времето и по трагите на спомените.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Идниот ден нѐ напикаа во товарен воз, и започна нашето патување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во темниот вагон, во кој пред тоа превезувале добиток и се чувствуваше мирисот на животни, седевме на подот, стиснати едни до други.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сеќавањето на татковите книги го означуваше нашето патување и во животот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зар има уште нешто непознато за тебе во него? – Во каталогот, мил мој, е запишан најубавиот дел од мојот живот! – Сигурно мислиш на времето на нашето патување во Италија, во 1939 година?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но беше крајно љубопитен да ја дознае причината зошто Мајка не ги раздвоила овие знамиња од животот, носени низ балканскиот егзил заедно со Татковите книги. – По нашето патување во Италија, во каталогот на Ла Ринашенте, го чував италијанското знаменце што стоеше пред нас на вечерата кај грофот Чано...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)