Макар што и натаму не се откриваше во нашата преписка, остануваше за мене енигмата која е, како изгледа, која и е професијата, таа и натаму понираше во длабината на моите балкански мигови, во неизвесностите што ги живеев во балканската реалност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Оваа книга која беше честа тема на нашата преписка, можеби има за цел да покаже дека не може да се верува во Бога кој бара човечки жртви и, како што не може да се верува ниту во идеологии чие одржување се темели врз жртви.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И кога во нашата преписка се доближувавме до моето пријателство со големиот француски филозоф Едгар Морен, од балканско сефардско потекло, таа ќе ја изрази својата чувствителност кон сефардската судбина на семејството на Морен, истакнувајќи ја заедничката идентитетна припадност, јас настојував посредно да откријам една од димензиите од нејзиниот еврејски идентитет.
& пишував, во едно писмо, дека уште рано, во детството (а тоа го изнесувам и во Времето на козите), кога живеевме во Козар маало на брегот на реката Вардар, често низ Дрвениот мост одевме на другиот брег каде што беше Еврејското маало.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Меѓу другото, во емисијата се претставуваа и млади жени во празнични носии, чудесни уметнички творби.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таа живее во мене со времето што ми го посвети, а јас доцна, по пет години, откако таа стави неочекувано крај на нашата преписка, дури во оваа книга, започнав вистински да го разбирам нејзиното некогашно толку силно присуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таа всушност не ги нарушуваше наложените правила во нашата преписка: да ми пишува кога самата ќе посака, а да не се почитува редовноста во задолжителниот одговор на секое писмо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но посакувам сето ова да не се изроди во нова драматична епизода во вашата балканска сага и вашето семејство да биде секогаш безбедно. Елен Лејбовиц
Р.С.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Бев свесен дека во разликите во идентитетот, се криеше големата тајна во постоењето на сите уметности, во раскажувачката уметност посебно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Беше очигледно дека нашата преписка влегуваше во нова фаза, која ја диктираа настаните во Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се случи мојот живот да го красат неколку прекрасни еврејски пријателства, од детството, до Едгар Морен, и еве сега и со вас, во нашата преписка, толку благотворна за мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Заклучокот е дека разликите се мали доколку не им се пристапува од гледиштата на вкоренетите предрасуди, а Европа не може да побегне од балканскиот дел на својата судбина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Постојано се прашував до крајот на нашата преписка и потоа: која беше Елен Лејбовиц, која толку силно, речиси со светлината на метеор ја осветли мојата балканска сага и згасна?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)