Во едно општество кое на сите нивоа е репресивно и кое ни го наметнува ритамот на живеење и умирање, темпото на нашето работење и нашето слободно време, би кажал дека Александар Бренер е поважен отколку Казимир Малевич: зар секогаш не се претпочита животот пред смртта, безгрижните пролетни соништа не се постимулативни од сувите лета или безволната есен?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Јас сум за слобода на изразот, слобода на дишењето, слобода на насмевката, слобода на изборот да се умре или да се живее.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Досегашното наше работење, особено востанието, беше необмислена младешка работа, но тоа ни се простува, едно, зашто досега ние бевме млад народ што одвај се проникнува со своето национално самосознание, а друго, зашто досега, не живеејќи како одделна национално-религиозна единица, се наоѓавме под влијанието на разни национални и религиозни пропаганди.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)