наш (прид.) - разговор (имн.)

Нашиот разговор не можеше да се продлабочува, иако, во основа, ние немавме различни гледишта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во сите наши разговори, семејни дружења, секогаш подеднакво беа и се присутни јунаците и од Будимпешта и од Гаково и од Загреб и од Берлин...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Некаде во седумдесеттите вујко ни Пане беше во Берлин.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сите ги свртевме погледите кон телевизорот, а нашиот разговор за секојдневните теми престана и сето внимание го всредсредивме кон она што се одвиваше на телевизискиот екран.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој многу брзо и лесно се вклучи во нашиот разговор и донесе една значајна поединост за црните луѓе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Да, жално е денес да се констатира, но во тој наш разговор Ѓурчин не беше спремен да ми помогне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не стануваше збор за некакво женирање. Или сомневање во желбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А јас немав доволно храброст да ја присилам мајка ми да се исповеда пред сопствениот син.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Огнена Гулева ниту еднаш повеќе не беше спомната во нашиот разговор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тој не пропушти да забележи дека убаво го памети престојот на неговите борци во куќата под Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Пред малку, можеби сосема случајно (а можеби и не), твоето поранешно уверување дека другарот Ѓурчин ти е татко го нарече фама.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа всушност беше последниот наш разговор во кој сакав но не смогнав сили да ѝ речам дека сум подготвен да го прифатам на себеси татковството на Иван и тоа не само како мое лично признание за тоа колку ја ценам, туку и заради една друга причина, што за жал немав сили самиот себеси да си ја признаам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа додаде: „Поправи ме случајно ако грешам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Мајка ми рече да те замолам да вечераш со нас“, му реков а тој без зборови ја прифати поканава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А во сиот свој живот дотогаш немав видено бара со трски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и не сум спремен да ја обвинам дури и под претпоставка дека таа од некои нејасни причини намерно го потхранувала сомнението што Огнена Гулева во купето во мое присуство го изрече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што се однесува до мене, после оној наш разговор за коленцата и за животот на трските (мајка ми повеќепати ми имаше раскажувано за тој свет на барите и на мочуриштата покрај реките и за птиците во нив) ми се случи да ги сонам трските, долу во полето, покрај реката, и тоа заедно со дивите гуски што слетале во шеварот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рече дека мајка ми била интересна девојка со долга црна коса и со зелени очи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем не беше време да сврати?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа и на вечера го поканив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели, и вам ви се има случувано тоа: на човекот што го сакате најсетне да му се обратите и по име?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но за жал со големо задоцнување“ ми рече мајка ми по еден наш разговор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ уште се сеќавам дека му реков на Ѓурчина:"Нема да бев среќен ако морав да го сметам за брат некое копиле на таа Огнена Гулева", и тој наеднаш почна вистински да се смее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И самата не знам како се случи тоа, но набрзо по овој наш разговор се заварив себеси како си го поставувам токму тоа прашање „Каде е сега мојот Ведран?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше навистина необичен и пред се весел тој наш разговор, и мислам дека од него не се изроди никакво недоразбирање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во овој момент би сакал да го продолжам нашиот разговор надевајќи се дека вашиот ред да слушате и мојот ред да зборувам заврши во исто време. Превод: Љупка Трајаноска okno.mk | Margina #4-5 [1994] 39
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
ПОЕТОТ И СИРЕНИТЕ (средба со Х. М. Енценсбергер) специјално за “Маргина”, по повод неодамнешното гостување на Енцесбергер во Белград, со многу проникнувачки хумор, извештај праќа првиот постмодернистички герилец (“у глави, у глави, виртуелно стваран”) на Балканот: Обрад Савиќ Неодамнешната средба и разговорот со угледниот германски поет и писател, Ханс Магнус Енценсбергер помина во духот на славната изрека на Селан - ‘поезијата не се наложува, таа се изложува’ (poezija se ne nameće, ona se eksponira’ - ‘la poesie ne s’impose pas, ele s’expose’ - “die Poesie zwinght sich nicht auf, sie setzt sich aus”). .
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Едноставно, јас ги засновав моите забелешки на размислувањето што го направив кое е засновано на погрешното читање на нивното дело. ***
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во една платонска љубов кон јазикот, веднаш, на самиот почеток на нашиот разговор, Енценсбергер раскошно демонстрираше како може уверливо да се именува и исправно да се брани самата литературна кауза.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Цивилно лице, кое стоеше малку понастрана и веројатно го следеше нашиот разговор, се одгласи: - Стин патрида тус пигенун...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Жена му, која веројатно нешто разбира од нашиот разговор, неколкупати кимна со глава, повторувајќи – по... по.... по... – а потоа прозбори со мажот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Тина успокој се, Тинче, - плачеше и татко ми, а јас знаев дека и нему му е многу тешко, поради целиот овој наш разговор и поради тоа што, ете, така се случи со нашето семејство, што треба да се мисли на вакви мачни судбоносни работи...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Затоа, бидејќи, ете, тоа прашање се постави на почетокот на нашиот разговор, статиите во весниците и разговорите на радио разбирливо дека се корисни за германско-француската размена, меѓутоа на универзитетите мора многу внимателно да се работи врз самите текстови.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Готов сум да се извинам; не сум мислел така, а со тоа, веројатно, ќе завршеше нашиот разговор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но, во мислите се навраќав на некои од темите што беа предмет на нашиот разговор нешто порано истата вечер; тука пред сè мислам на случајот во улицата Морг и на мистериозното убиство на Марија Роже.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не ќе сме вечни робови, Мортенија ќе ја победиме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Момчаците внимателно го следеа нашиот разговор.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се колнам беше сѐ забележано, од првиот ден, од часот кога ги растоваравме дрвјата, нашиот разговор, капутчето, распараниот астар на капутчето, пазувата каде што го криел дрвцето, местото каде што работел, местото каде што ги закопувал делканиците, делканиците како факт, ножето со кое копал по дрвото, сѐ, сѐ имаше во тој реферат, семожни глупости.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Те молам да запаметиш, во текот на целиот наш разговор, дека можам да ти нанесам болка во секој момент и до кој степен сакам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но во нашите разговори спомнувањето на Шефот, колку што не ги заматуваше, исто толку не ги разбиструваше работите, а тоа за сите нас беше доволно јасно и затоа никој на тоа не му придаваше особено значење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А се разбира, кога го пронајде, не прочита ниту ред.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Впрочем токму тогаш се сетив на оној наш разговор за ситите и гладните; она кога ми рече дека навистина го сожалувала социјализмот особено наутро кога ќе забележала дека работниот човек воопшто не мисли на него туку само на својата утроба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како да беше на трага на моиве размисли Грофот не пропушти да ми рече дека во нашите затвори насилствата се избегнуваат. – Верувам дека е така – реков додека го наслушнував во мислите гласот на Катерина, а креатурите по ѕидовите покрај кои предмалку поминував, и самите зачудени од гласот или од некоја друга чудесија што мене не ми паѓаше в очи ми мавтаа со рацете, ме предупредуваа или ме насрчуваа, не бев сигурен, и наеднаш до мене втаса и гласот на Грофот но исполнет со зборови што не ги разбирав. – Мислам дека не сум сигурен што рековте – замолив да ми објасни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се сетив на нашиот разговор утринава и на она како се вчудовиди кога го прашав дали е сигурен во она што го тврди или станува збор за обична претпоставка? А стануваше збор за банална вистина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Рече да го почекам, дека веднаш ќе се врати, а потоа слушнав како ја отвора вратата и како му се обраќа некому во ходникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се сетив и на оној син коверт што го бараше цели пет минути во текот на нашиот разговор префрлајќи некои списи од рака в рака, само за да ми го покажал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Очигледно беше дека воопшто не е заинтересирана за нашиот разговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред да успеам да му се извинам на Роман Гигов Грофот поради недоразбирањата кои произлегоа од нашиот разговор, тој уште еднаш влезе во канцеларијата , но сега се упати кон закачалката, го симна од неа ременот сосе пиштолот, и се опаша.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Штотуку размислував за оној наш разговор за корнењето нокти – му објаснував на Грофот, а притоа мислите постојано ми беа кај изненадите на кои наидував на моето долго патување од самицата до канцеларијава.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бојка е вслушана во нашиот разговор но сепак молчи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мислам дека денес е лесно да се исчитаат тие апстрактни шеми, зарем не? (Треба временски да се утврди нашиов разговор: воочи необично „земската“ фаза на војната).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
4 Вашите први две книги Le probleme de la genese dans la philosophie de Husserl (1955 - Проблемот на генезата во филозофијата на Хусерл) и L’origine de la geometrie (1962 - Потеклото на геометријата) зборуваат за Хусерл. Дали уште тогаш имавте некој филозофски проект? 32 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со скромност и себезатаеност, сфаќате што сакам да кажам, и по должност, но тоа нашиот разговор веќе го води во други води.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што претходно го изне­сов во врска со одговорноста повеќе е бележење кон некој закон, кон еден импе­ративен налог кому конечно би требале да му се покориме, исклучувајќи ја секоја норма, нормативност или она што денес се смета за нормалност, без било што што најпосле би било предмет на знаење, би му припаѓало на некој ред на бивствување и на вредности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Х.Х. не заборава да ја обнови во нашиот разговор постојаната тема на бункерите, бездруго повторно разработена во Централата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. вешто се оддалечи од Х.Х., за да не може да го следи нашиот разговор.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Па, добри мои читатели, да го завршиме овој наш разговор за времето со народната поговорка: „Што можеш да свршиш сега, не одлагај го за после“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
УШТЕ НА ПОЧЕТОКОТ на овој наш разговор за желбите, да кажеме: на желбите како желби им нема крај, а можностите за нивно исполнуваље се ограничени.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Да го продолжиме овој наш разговор со четири песнички за поздравувањето: ДОБРО УТРО - Доброутро, здрави биле! - поздравува славеј пиле.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На крајот на овој наш разговор еве и една песна за мајките: ШТО РАБОТАТ НАШИТЕ МАЈКИ Знаете ли како им минуваат деновите на нашите мајки по домовите?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И еве, и овој наш разговор го почнуваме со една народна поговорка.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
КОРА ОД БАНАНА ВЕРУВАМ, добри мои, чудно ви е што за тема на овој наш разговор земам нешто толку безначајно како што може да биде кора од банана.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Да го завршиме нашиов разговор со тоа што ќе речеме: со парите треба да се постапува вмимателно.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И, сакајќи да го завршам овој наш разговор за убавите и грди зборови, во моите мисли е еден расказ од советската писателка Осеева, со наслов “Волшебниот збор“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
За другарско завршување на овој наш разговор, еве ви, добри мои и една песна за другарството: ДРУГАРУВАЊЕ Раце со раце да сплетеме, од добро кон подобро да стремиме, другар со другар да бидеме, до сонцето дружни да се кренеме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А сега, добри мои, ќе ви раскажам две случки па ќе ви биде јасно зошто на почетокот на овој наш разговор ве предупредувам да гледате како и врз што газите!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Бреза, која за сето време додека разговаравмеим шепотеше нешто на своите „деца“, очигледно незаинтересирана за нашиот разговор, кога го слушна зборот - приказна - срипа и викна: - Да биде голема и шарена, те молам мамо!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Имав впечаток дека Игбал го слуша овој наш разговор и дека го одобрува со насмевка, задоволен, но не сака да се замеша.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ах, тоа ли е! – се плесна брат ми по челото и изгледаше како да му олеснило. – Сум ти рекол јас тебе, ти си едно ептен глупаво девојче, сфаќаш? Се плеткаш кај што не ти е работа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа ќе речеше – еден ден и тој сон ќе ти се оствари, а дотогаш убаво е да го имаш и да го сонуваш, - но мене тоа воопшто не ме утешуваше, туку напротив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Признај дека си горд на мене – му реков, не очекувајќи одговор. Не го ни добив, но го знаев. ***
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми стрпливо ги слушаше моите жалопојки и секогаш нашите разговори завршуваа на ист начин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сè му признав, од збор до збор му го раскажав нашиот разговор во Маврово.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)