наш (прид.) - свет (имн.)

Во нашиот свет нема да има други чувства освен страв, бес, триумф и самопонижување. Сѐ друго ќе уништиме - сѐ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Куќата се отвори за сите. Куќата, целиот наш свет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А потоа Земјаните отидоа да живеат во друга галаксија, за да побегнат од болеста што ни ја донесоа самите, откако го ограбија нашиот свет.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мислам, воочи јасно, самата виде Во какво сиво се обоил овој наш свет што проклет, го градевме и живот ќе дадевме за сѐ да биде светло и фино Многу лета изминаа оттогаш Некои незаборавно, некои брзо, некои бавно, И ниту еднаш не почувствував вина А сега...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Јан Лудвик го исмеваше нашиот свет и тврдеше дека тоа е лажен свет, дека е илузија; ние моравме да се браниме себеси, да го одбраниме светот во кој живеевме, оти немавме друг свет, свој свет, како што имаше тој; ако го изгубевме светот на Партијата, ние ќе останевме сами со себе, и ќе моравме да погледнеме во празнотијата на сопствените души.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пурпурната светлина на плишот што ми го дари, тоа ќе биде нашиот свет неразделен.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нашиот свет го скрши на милион ситни парчиња кои се распрскаа низ суровата тишина и засекогаш исчезна во длабочините на времето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И кога ќе ја осетиш на својата кожа болката и неверството, јас ќе бидам единствената на која ќе помислиш кога ќе ги затвориш очите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)