А оној другиот аманет на татко му, за наука, сега му ја дава способноста со ова перо да го напише она што му лежи на душата, си помисли тој и продолжи да пишува: „Тогаш еден меѓу вас, едноставен човек од народот што не го кажа името свое, ми рече: ’Павле, фалејќи ја нашата трпеливост и издржливост, ни кажуваш оти Бог нè сака и нè одбрал да бидеме Негов народ.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)