наш (прид.) - фамилија (имн.)

Со време, во Маказар, на нашата фамилија Поцо и на онаа Кочовата, почна да се гледа како да се во натпревар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така, за неколку години нашата фамилија стана една од поугледните во селото.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го закопавме со ордените на Тито, часовникот со синџирче, лулето, паричникот и руската шубара што сѐ уште ја барам на закачалката во станот во Ѓорче Петров, последниот дом што дедо ни не го доби од Сојузот на борците.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секогаш кога ќе разговаравме за нив како да беа и тие тука.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас сум шесто дете во нашата фамилија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој беше првиот мртовец во нашата фамилија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ласа многу се лутеше заради количеството на алкохол што се трошеше во нашата фамилија и никогаш не ни ги простуваше пијанствата...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
КРИСТИНА: Зошто пишуваш токму за нашава фамилија?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Мудрите луѓе од нашата фамилија тврдат дека стрико ми Ото не влијаел којзнае колку добро врз мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не е штета, не обрнувај внимание на тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Според тоа, иако можев да го гледам толку прекрасниот коњ; иако можев да го помирисам, толку пријатно; иако можев да го слушам како дише, некако возбудливо; не можев да поверувам дека коњот имал нешто со мојот братучед Мурад, или со мене, или со кој и да е друг член на нашата фамилија, што спие или е буден, зашто знаев дека мојот братучед Мурад не можел да купи коњ, а ако не можел да купи, тогаш секако го украл, а јас не сакав да поверувам дека го украл.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Моето пријателство со стрико ми Ото почна прилично рано.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пиеше, ама никој никогаш го нема видено пијан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Значи, вистина е. Го украл коњот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Фразата „Туку, можеш ли да ми...?“, во нашата фамилија предизвикуваше ужас, дури имаше жени, тетки, сестри од бабите и дедовците, дури и братучетки кои, кога ќе го чуеја неговото „само за кратко време“, речиси паѓаа во несвест.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Братучед ми Мурад, кој се сметаше за еден од најглупавите членови на нашата фамилија, почна да пее.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)