И сѐ најнапред треба да се свари во ретортите на сопственото мислење, во форма што на овој степен од развојот нашето јавно мнение сѐ уште не може ја инкорпорира во градбата на својот цивилизациски модел; но кога работата ќе зоврие во вас, таа веќе е тука.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Распојасани поими, стигматизирана и со кус здив метафорика, идеологизирана сфера на логотетство... тоа е „формата“ на нашето јавно мнение, наметната и секогаш наметнувана со политичката сила на авторитарните смени меѓу мрачните патријархални позиција и „опозиција“.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)