најблизок (прид.) - суштество (имн.)

Ги замислував сите мои најблиски суштества, пријателите и сите оние што ги познавав, и постојано низ главата ми минуваше сè она за што со нив би сакал да зборувам (и си префрлував себеси зошто за тоа не зборував со нив додека бевме на слобода), но не само тоа: си замислував како се потам во купатлото, како се шетам по кејот, како спијам во постела облечен во својата пижама, како јадам бифтек во овој или оној ресторан, пијам коктел или се засладувам со торта со шлаг, печам пиле и подготвувам од него сос, притоа си потпивнувам бело вино и слушам секаква музика, лежам во тревата и се сончам, го пијам своето утринско кафе, ги посетувам галериите и кафеаните, гледам добри филмови, влегувам во ателјеата на своите пријатели… и така натаму.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Паулина трепереше – можеби не толку од стравот за сопствениот живот, колку од помислата дека она најблиско суштество, она кое излегло од нејзината утроба, никогаш повторно нема да го види.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)