Тоа значи дека, ако македонскиот уметник сака да изведе чудо - што е секако еден од највисоките дострели во областа на уметничката креација - и створи јато пингвини под зајдисонцето на саваната, ќе добие пар пцости од преполните со неразбирање љубители на уметноста како награда за овој негов труд.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Скандалозното размислување дека сите жени се курви може да се заврти во наша корист ако така се навиеме наутро и, како на програматорот од машината, го свртиме копчето на програма: - Површна само на изглед, - Дете во тело на жена, - Таа која прва си оди, за да не ја напуштат, избегнувајќи ја во широк круг програмата „останува само покрај исцедени, од кои највисок дострел е да искапеш барем уште една капка“, повеќе поради предизвикот за докажување дека ете можеш!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)