Несомнената драматика на свршетокот: шиштењето на воздухот од хармониумот што ја проследува туберкулозната песна на Ѓорѓи, и стакленото око на неговата верна, несакана сопруга, што реско се тркала на подот, барокно ја украсувам со паралела од книгата прочитана попладнево: - Во сценска смисла, чувствувам дека тоа беше постепена смрт од највисок ред, како самоубиството на Потоцки, кој, самиот излеа куршум од златната дршка на шеќерникот, подарокот од мајка му за полнолетството, го благослови во домашната капеличка и осамувајќи се во библиотеката, со него си го разнесе мозокот. – Ужасно.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Мојот живот е потрага по вечна љубов иако знам дека еден ден сѐ ќе заврши, сѐ ќе се изгуби без трага во движењето на материјата и времето ќе застане, но знам дека каде и да сум еден ангел Серафим (ангел од највисок ред со три чифра крила) е секогаш на моето рамо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)