најголем (прид.) - брзина (имн.)

Го пушти на земја, му ја одметна маузерата, му ги сопаша коланите со најголема брзина и го остави трупот, со желба да му се поврати животот на овој маченик, мислејќи дека навистина и тој умира за сметка на беговите, пашите и султанот. Ho неговите 'рслански шепи му ја извадија душата и тој не мрдна веќе, како што нe мрдна ни овчарот од Белоперевци по Најдовиот удар со секирата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, додека максималното го извлекував од колата, во моментите на најголемата брзина, ќе почувствував нешто како торпедо ќе профучеше покрај мене, покрај мојата кола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој јаваше со најголема брзина.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Војводите скокнаа. Востаниците го кренаа онесвестениот Цепенко на раце и со најголема брзина го однесоа во куќата на Начевци, каде што беше сместена востаничката болница.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со најголема брзина стрчна накај дворецот на пашата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И во исто време ги утврдуваа старите и со најголема брзина градеа нови одбранбени линии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Комарчето во еден момент со најголема брзина успеа да го касне човекот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
А железницата јуреше низ темнината со најголема брзина; за скок не можеше ни да се помисли – при таква брзина бездруго би се разбиле на камењата крај пругата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во поштата стигна со најголема брзина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)