Оценките се дека ние, во Европа, го имаме најголемиот извор на бистра, питка вода, која, во иднина, сѐ помалку ќе ја има во светот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Можеби е тоа божјата ѕвезда, најголемиот извор на внатрешна и надворешна светлина, која ја осветлува душата, а не нашиот пат и ни дава сили да се стиgне и отаде, без нешто да ни одземе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се надевам на натамошното наше допишување, со зборови и со тишина...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Најчесто низ тишина, во тишината на единствениот јазик во светот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Појдов кон удолната врвица од карпестиот рид, на кој беше виснат Манастирот, крај најголемиот извор на Езерото, кој ги поврзуваше двете земји и завршуваше во бучната река која се влеваше во Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)