најголем (прид.) - тајност (имн.)

„Ќе Ви раскажам со неколку збора; но, пред да почнам, дозволете да Ве предупредам дека се работи за случај што бара најголема тајност, и дека сосема веројатно би ја загубил работата кога би се дознало оти сум се доверил некому.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Задачата што му била поставена да го прими динамитот во Бугарија и во најголемата тајност да го пренесува во Цариград, ја извршил беспрекорно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Двете се заколнавме дека тоа што го работиме таму ќе го чуваме во најголема тајност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во следните денови, пред да ја напушти работата во Шумското, откако детално ги испревртува тезгите во НаМа, подготви голем пакет и во најголема тајност го однесе на пошта и го испрати до затворот во Суботица каде што ја издржуваше казната Димостен.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)