најголем (прид.) - љубов (имн.)

Психологијата, мојата најголема љубов.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А Филозофот продолжи: „Размисли: ако во записот се говори за леб, тогаш следниот збор до него, кој најголема љубов кон овој збор пројавува дури и во јазикот твој, па и во јазиците на сите родови на лицето на земјата – кој би можел да биде?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дали сум го измислила?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Постои ли навистина мојот Игбал, оној со кого бев неразделна сето ова време, Игбал – мојата тајна, мојот најдобар пријател, и можеби мојата најголема љубов?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не можев да го замислам животот без него, а и не можев никој друг на негово место да замислам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој ми беше моја најголема тајна, мој најверен пријател и моја најголема љубов.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А Ромео и Јулија? Татко ми вели дека тоа е најголемата љубов на светот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тики, Чедо е мојата најголема љубов.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа снага не може да се мери со ништо на оваа планета.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Љубеше нежно и топло, како човек.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Татко ѝ бил Јудеец”.  „Татко ѝ господине беше мојата најголема љубов.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Животот ми е здодевен, сакам да се заљубам, а и во хороскоп пишуваше дека во сабота ќе ја запознаам најголемата љубов во животот, најверојатно облечена во црно.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Најголема љубов е кога само сакаш да заспиеш и да се разбудиш до личноста која ја сакаш. Само за рака да ја држиш, секој слободен миг, додека молчиш и без воздух си.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)