8. Она што во преминов ќе го сонуваат, ... овој терминално разигран пар, кога наскоро ќе заспијат, ќе биде прескокнато: секвенците од соништа се строго забранети во нивниот дом, па и ако е тоа само изнајмена соба на некој карипски или флоридски остров, најнов и последен во среќно протегнатата низа низ со работа исполнетите децении на нивните споени животни приказни.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)