најтежок (прид.) - миг (имн.)

Редовно земаше само медицински препарати и, понекогаш, лек за заспивање, во најтешките мигови на осаменоста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога ќе стивнеше песната, тогаш најтешките мигови доаѓаа за Винко и кучето.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не можел да се одвои од него и кога бил во најтешките мигови на фронтовите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таа, кутрата, секогаш имаше моќ, и во најтешките мигови на животот, помислувајќи на децата, да ја активира во свеста оптимистичката варијанта.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дури во најтешките мигови формалностите ги обземаа до тој степен што не забележуваа дали некого ќе го омаловажат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)